Ако сакаш да бидеш во чекор со брзорастечката индустрија, да останеш релевантен, да напредуваш и да си најконкурентен на пазарот на трудот, важно е постојано да учиш нови вештини. Повеќе не е доволно познавањето само во една област, туку е неоходно да ги надградиш знаењата за работа во повеќе сектори. Поединците кои активно учат нови вештини ги прошируваат своите способности, го поттикнуваат својот личен и професионален развој и побрзо се приспособуваат на светот кој брзо се развива. 

Имајќи ја предвид потребата од постојано надградување на знаењата со нови вештини, кои ќе отворат повеќе опции за работа, Brainster со својата нова програма Brainster+ на академиите воведува пакет курсеви со напредни технички вештини. Овие вештини всушност се еден од 9-те фактори за вработување во професиите од новата ера, што ги бараат компаниите денес, а кои Brainster им ги овозможува на своите студенти. 

 

 

Пакет курсеви соодветни за секоја академија

Со напредните технички вештини се добива поширок спектар на знаења, со што ќе се отворат повеќе можности при вработување. Отсега, со Brainster+ секоја академија ќе биде дополнета со пакет од пет, односно шест, напредни технички вештини, соодветни на програмата. 

Нашиот тим разви специјализирана програма за секоја академија поединечно, со плус напредни технички курсеви. Со нив студентите од секоја академија ќе го добијат плусот кој им недостасува за да се профилираат во други или слични професии, или, пак, да добијат можност да мигрираат на различни позиции во рамките на компаниите. Со овие плус вештини ќе добијат многу повеќе квалификации и опции при вработување. Ако досега имавте предност при вработување на една позиција – сега ќе имате избор на повеќе работни можности. Ако досега ви требаше повеќе искуство и експертиза за основање на свој стартап –  отсега сами ќе ги лансирате и водите своите проекти. Ако се специјализиравте само со една програма – отсега ќе добивате сеопфатно знаење и искуство“, вели Петар Ниновски, основач и CEO на Brainster.

На листата со напредни технички вештини што се вклучени во Brainster+ програмите се: Напредни Google Analytics и Google AdWords, Напредно програмирање во PHP и Laravel,  Advanced Meta Advertising,  Neuromarketing, The Neuroscience of Persuasion, Теорија на софтверско инженерство, React Native и Напредно автоматско тестирање.

Во овој пакет има и неколку базични вештини, кои ќе ги унапредат и дополнат познавањата кај студентите од повеќе академии. Тука се вклучени: Основи на проектен и продукт менаџмент,  Основи на UX/UI дизајн,  Основи на дигитален маркетинг,  Основи на back-end development, Основи на софтверско тестирање, Основи на веб-програмирање,  Основи на графички дизајн и Основи на Data Science.

 

 

The future belongs to those who learn multiple skills 

Иднината им припаѓа на оние што учат повеќе вештини и ги комбинираат на креативни начини. Ивица Пешовски – Chief Technology Officer на Brainster, а воедно и професор на Brainster Next College, вели дека со овие дополнителни курсеви, во комбинација со знаењата што ги добиваат на основните програми на академиите, им се отвораат многу повеќе можности на студентите.

„Напредни технички вештини се вештини кои не се сметаат за основни или клучни во патеката што првенствено ја избрал еден студент. На пример, ако студент учи на Front-end академија, од него се очекува добро да владее алгоритамско размислување, да знае да програмира во JavaScript програмскиот јазик, да знае како работи клиент-сервер архитектура и да знае најмалку еден модерен front-end фрејмворк како React, Vue и слично. Меѓутоа од професијата front-end програмер не се очекува да знае да развива мобилни апликации. Со плус програмата, ние го нудиме токму ова. Конкретно на Aкадемијата за Front-end , студентите ќе се запознаат со React Native, фрејмфорк кој природно се надоградува на нивните претходни знаења и ги учи студентите како да развиваат мобилни апликации за андроид и iOS оперативните системи. Слични се сценаријата и на останатите академии. На Академијата за Full-Stack студентите ќе научат како да развиваат real-time апликации, на Академијата за Software Testing ќе научат основи на веб-програмирање, на Aкадемијата за Дигитален маркетинг ќе научат основни UX/UI вештини, на Академијата за UX/UI ќе се запознаат со концепти како Теорија на софтверско инженерсво и слично…  На ваков начин на студентите им нудиме да се запознаат со повеќе аспекти од избраната професија со кои порано или подоцна ќе се сретнат и им овозможуваме самите да изберат во која насока ќе ја развиваат својата кариера. Со Brainster+ програмата цврсто сме убедени дека нашите студенти ќе бидат уште попривлечни за пазарот на трудот и лесно ќе можат да се вклопат во плејада на работни места“, вели Пешовски.

 

 

Build your skills not your resume

Покрај образованието, работното искуството и реализираните, при вработување важно е какви вештини поседува поединецот. Компаниите се’ повеќе акцент ставаат на тоа какви вештини поседуваат кандидатите, отколку каква образовна позадина имаат. Вештините отвораат можност за мултитаскинг позиции и можност за движење на повеќе работни позиции. Ги прашавме компаниите, колку им се важни овие квалификации при вработување нови луѓе.

„Знаењето на напредни технички вештини претставува предност, особено за повисоки нивоа каде што тоа е еден од условите. Во секоја од нашите позиции се случува да има мултитаскинг, но не го гледаме тоа како позиција сама по себе. Кај нас постојат хибридни позиции, каде вработените имаат комбинација на работни задачи од двете, но тоа не значи извршување на две позиции од еднаш, а во секоја од позициите се случува некогаш работните задачи да бараат мултитаскинг. Во однос на мигрирање меѓу позиции, постои можност за преквалификација од една во друга позиција“, вели Ида Делиниколова  менаџерка за човечки ресурси во агенцијата Piksel. 

 

 

Марија Власцева од компанијата EmbedSocial вели дека „техничките вештини може да се научат и развијат со тек на време, додека меките вештини се повеќе поврзани со личноста на кандидатот и неговиот пристап кон работата и интеракциите со другите.  Поголемо техничко познавање е предност, но зависи од каква позиција се мигрира“.

Учењето нови, напредни технички вештини често подразбира стекнување знаења и вештини во области кои претходно не биле познати.  Со нив се надминуваат основните знаења во одредена област. Поединци со напредни технички вештини покажуваат длабоко разбирање и владеење на сложените концепти и алатки во нивниот домен. Овие вештини често вклучуваат експертиза во најсовремените технологии, сложени способности за решавање проблеми и капацитет за справување со напредни задачи и проекти. Професионалците со напредни технички вештини често се иноватори и играат клучна улога во поместувањето на границите на технолошкиот напредок.

 

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Совладај плус напредни технички вештини,  и отвори си нови можности за вработување.  

Со Brainster+ отсега на нашите академии ти нудиме плус пакет со 20 курса за поголема предност на пазарот на трудот.

📢 Аплицирај сега и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.