Brainster Албанија, добредојде во нашето семејство

После 7 години успешна работа на македонскиот пазар, со гордост го најавуваме отворањето на нашата прва канцеларија во Албанија, со што го означуваме својот влез на овој нов пазар.
Како организација која во изминативе години преку иновативни образовни програми донесе позитивна промена за повеќе од 11.000 студенти од 4 земји, ние ќе се стремиме истото да го оствариме и во нашиот втор дом во Тирана, на тој начин продолжувајќи ја мисијата за дигитална глобална трансформација, за отворање на нови кариерни патишта и за создавање на нови можности и за подобра иднина на младите и во оваа наша соседна држава.
Станува збор за логичен чекор, следејќи ги барањата на пазарот и желбата еден успешен проверен едукациски модел да се интегрира во Албанија и да се стави на располагање на сите оние коишто се во потрага по квалитетна доквалификација и нови можности за кариерна надградба.
Придонес кон растот на технолошката индустрија во регионот
Новата канцеларија на Brainster во Албанија првично ќе ја понуди Академијата за Front-End програмирање. Имајќи го во предвид фактот дека технологијата продолжува да се развива со брзо темпо, побарувачката за квалификуван кадар е поголема од кога било, па оттука, целта на оваа Академија е да ги „опреми“ идните студенти со потребните вештини за да изградат успешна кариера во областа на Front-End програмирање.
Како што напоменува основачот на Brainster, Петар Ниновски, Академијата за Front-End програмирање одлично одговара за албанскиот пазар.
„Возбудени сме што ќе ја понудиме нашата експертиза во образованието поврзана со новите технологии во Албанија. Експанзијата на Brainster во Албанија е доказ за посветеноста на организацијата за обезбедување квалитетно образование како и нејзиниот континуиран раст како лидер на пазарот во оваа област. Со нашето докажано искуство, подготвени сме да направиме значителен позитивен импакт врз албанската ИТ- индустрија“, вели тој.
На Академијата за Front-End програмирање ќе се учи преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори, со што на студентите им се овозможува подобра подготвеност за започнување на кариера во областа на веб-програмирањето. Целиот процес е менториран од страна на искусни инструктори кои се докажани професионалци во во оваа област.
Создаваме подобри можности за подобра иднина
Во изминативе 7 години преку нашите иновативни образовни програми направивме значителна промена во областите на во дигиталната и кариерна трансформација.
Во 2022 официјално ги отворивме вратите на Brainster Next College, првиот практичен ИТ-факултет во Македонија. Остваривме соработка со повеќе од 160 партнери од индустријата кои обезбедуваат реални проекти, вработувања и пракса за студентите.
Нашата визија е јасна од првиот ден на нашата работа- создаваме подобри можности за подобра иднина за сите оние кои се вклучени во процесот, преку нивно практично оспособување успешно да се носат со дигиталните кариерни предизвици од 21 век.
Истата заложба и визија ја носиме и пресликуваме во Албанија, преку иновативен модел на практично и менторско изучување на релевантни вештини од опсегот на дигиталните ИТ – технологии, низ внимателно обмислени академии и партнерски вмрежувања со компаниите, како и работа на реални проекти, со цел да им помогнеме на уште илјадници луѓе да ги остварат своите кариерни соништа.
Интеграција на успешен и проверен образовен модел
Со почетокот на поставување на нашите темели во Албанија, подготвени сме да ги употребиме сите наши најквалитетни ресурси и проверен систем што го изградивме низ годините и да ја промениме перцепцијата на младите, нивната иднина и можностите. Идентично како што во изминативе години преку квалитетно образование кое се базира на пракса им помогнавме на многу наши студенти да направат кариерна трансформација и да најдат подобра и поплатена работа.
Со иста енергија и ентузијазам ќе се стремиме кон истото и во Албанија.
Brainster Албанија, преку локални вработувања и соработка со локални експерти од различни области, но и со помош на севкупниот кадар и домашно искуство, отсега па натаму ќе работи посветено да им ги обезбеди на албанските студенти и професионалци потребните вештини за успех во tech-индустријата.