Тања Планчак е успешен студент од Академијата за програмирање. По завршувањето, таа се вработи како PHP/ Laravel Developer во Sample Solutions. Ја прашавме што значи да работиш како Laravel Developer, како стигна до таа позиција, со какви предизвици се соочуваше и кои се нејзините професионални планови за во иднина.

 

Тања, ајде од прва рака. Laravel во back-end светот е синоним за едноставност, елеганција и ефикасност. Од друга страна, пуританците велат дека “вистински програмер куца чист PHP“. Како активен Laravel developer, каде се пронаоѓаш ти во сево ова?

Пред сè треба да се добијат силни основи на чист PHP, да се чувствуваме удобно во синтакси за променливи, постојани функции, класи, објекти итн. Но, сепак сметам дека се премногу ретки такви што куцаат чист PHP. Покрај фактот што Laravel ја олеснува работата, се распределува логиката со што го прави кодот лесен за читање и за модифицирање тој пред сè е наменет за работа во тим каде повеќе девелопери треба да работат на ист проект. Сметам дека не треба да се игнорира framework-от во денешно време бидејки секој клиент/фирма бара познавање на одреден framework.

 

Ова е чест случај и со frameworks во другите јазици, на пример Django во Python или React во JavaScript. Зошто некогаш програмерите сакаат да одат подолгиот пат? 🙂  И реално дали има некакви придобивки од тоа?

Секако дека има. Со подолгиот пат се создава неверојатна основа за кодирање и значително го подобрува разбирањето за развој на веб како целина и не сте ограничени на одреден framework т.е. ќе можете да се снајдете во било кој framework што ќе ви биде зададен. Како и да е, сè додека работиш ќе има придобивки.

 

Програмата на Академијата подразбира детална обработка на секој модул. Очигледно највеќе се имаш пронајдено во PHP/Laravel, но кој модул ти беше предизвик? Каде се помачи малку? 🙂

Да, повеќе се пронајдов во PHP/Laravel. Предизвикувачки ми беше да размислам логика во позадина, како да пристапам на некој проблем, како најефективно да го имплементирам и да го решам. Дизајнирањето не ми е јака страна =) Највеќе ме измачи чист JavaScript. Дебагирање во JavaScript и наоѓање на одговор на интернет е исцрпувачко и понекогаш ми требаше многу повеќе време да разберам што се случува.

 

Во што ја гледаш причината за вечниот страв и стигмата од програмирање што владее кај нас? Можеби митот дека формалното образование е единствен пат до оваа професија?

Сметам дека повеќе е сомневање и недостаток на доверба кај луѓето за способностите што ги поседуваат (и дефинитивно стравот од излегување од комфорната зона). Постојано се прашуваме „Дали ќе успеам? Дали требаше порано да почнам со ова итн.?“ И нормално сè додека не пресечеме, нашиот мозок ќе се двоуми и ќе ни воведува доза на страв без разлика што сите сме свесни дека формалното образование не е единствениот успех за да си добар во некоја работа. Упорноста и посветеноста се поважни.

 

Кога сме тука, какво предзнаење од програмирање имаше пред да се запишеш на Академијата?

Немав предзнаење. После факултет се вработив. Но, не сакав тука да престанам со надоградување. Се двоумев помеѓу мастер и Aкадемијата за програмирање и сметам дека направив правилен чекор. Имам пасија за решавање проблеми, сакам нови предизвици и љубопитна сум околу тоа како функционираат работите. Сето тоа го пронајдов во оваа струка.

 

Раскажи ни повеќе за твојата тековна работна позиција? Процесот од наоѓање на позицијата, обврските, атмосферата итн. Како изгледа твојот работен ден?

Наоѓањето на работа како програмер беше голем отскок за мене, бидејки паралелно додека одев на академијата бев вработена во фирма со одлични работи услови и работна позиција, но сепак имав потреба од нов предизвик бидејќи после повеќе од година дена работење се пронајдов во некоја монотонија. По завршувањето на академијата имав успешно интервју во компанијата во која сум моментално вработена како PHP/Laravel девелопер, но многу ме радува фактот што работам како Full stack т.е. паралелно и Front-end па користам Javascript/Vue.js и учам цело време нешто ново, а тоа мене многу ме исполнува. Атмосферата ми е одличчна, работам со луѓе кои си ја сакааат работата, на проблемите гледаат како предизвик и секогаш се тука да го споделат знаењето и искуството кое го имаат. За мене тоа беше најбитен дел при менување на работната позиција. Бидејки доколку имаш желба да програмираш ќе научиш, но луѓето и атмосферата не можеш да ги промениш. А што се однесуваа до работниот ден, тој се состои од чај, краток состанок и работење на зададените таскови. 🙂

 

Познавањето на програмски јазик не значи дека некој е програмер. Затоа, разбирањето на програмските концепти и нивната имплементација е еден од приоритетите на нашата Академија. Тоа бара многу работа, трпение и посветеност. Покрај овие карактеристики, што друго според тебе значи да си добар програмер?

Добриот програмер е свесен дека програмирањето премногу брзо се менува и е спремен постојано да учи. Ефикасно управува со времето, ги планира тасковите, размислува за нивната брзина, користи минимална сума на ресурси и обезбедува чист код за полесно читање и менување.

 

Во кој аспект од работењето како програмер би сакала да растеш и да се надоградуваш? 

Најпрво да се надоградувам сè повеќе како full stack девелопер. Сметам дека имам уште многу да учам во ова поле во кое се насочив.. а за понатаму ќе видиме.

 

A што би им препорачала на сите оние кои се двоумат да го направат првиот чекор кон обука и кариера во програмирање?

Да не се плашат од промена и да бидат упорни. Сè што се сака се може само ако се работи посветено и упорно. При соочувањето со предизвици се градиме себеси без разлика дали крајот ќе биде успешен или не.

 

Стани front end или full stack девелопер работејќи на реални проекти и апликации. Уписите за новите групи на Академијата за програмирање се при крај. Аплицирај денес и зачувај го твоето место.

 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА