Запознајте го Даниел Веселинов – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец март 2022.

 

Име и презиме: Даниел Веселинов  

По професија: Студент

Академија: Академија за Full Stack програмирање

Зошто баш Full-Stack програмирање: Отсекогаш имав желба да знам како работи еден софтвер, позадински како сите тие процеси се опфатени. По долго размислување и истражување за технологиите се одлучив за Full Stack Web Developer бидејки покрај позадинскиот дел, јас би можел да го работам или барем разбирам и front-end.

Што те мотивира постојано да учиш: Фактот дека технологијата секојдневно се развива ме мотивира да учам и да се надградувам за да бидам во тек со сите промени, и подоцна да можам да ги искористам на проект најдобро што можам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Интересно нешто што досега имам научено е начинот на размислување и насоката како да решаваме посложени проблеми.

Омилен модул и зошто: Пред започнување со Академијата имав делумно предзнаење на PHP, но подоцна при изучување на модулите, најинтересен ми беше PHP OOP, бидејќи кога почнав со пишување на код користејќи OOP се примети голема разлика и подобрување.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Многу е тешко да се издвои инструктор, бидејќи сите се обидуваат на свој начин да ни пренесат знаење. Но, Ивица е мојот идол.

За 5 години сакам да бидам: Senior Software Engineer!

Хоби: Патување, вежбање во теретана, читање и истражување.

Омилена книга: The Magic of Thinking Big – by David J. Schwartz

Омилен цитат: “When you feel like giving up, remember why you started”.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!