Запознај го Александар Николовски – алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање којшто се реши да направи комплетна кариерна трансформација.
По неговото комплетирање на програмата, тој ја започна својата кариера на практикантска позиција како Web Developer во компанијата Codeit Solution.
Си поразговаравме за неговото искуство и новото работно место
Здраво! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво, јас сум Александар Николовски, имам 28 години и сум од Скопје. Дипломиран економист кој со задоволство плива во програмерските води. Понастраната од кариерата, како дел од моето секојдневие се спортските активности вклучувајќи calisthenics, возење тури со велосипед и пливање. Слободното време го поминувам во друштво на блиските пријатели, гитарата и читање на добра книга.
Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професисија ?
Бидејќи доаѓам од област која нема допирна точка со програмирањето, не бев сигурен што ќе ми лежи повеќе дали front-end или back-end делот од програмирањето, па затоа се одлучив за Академијата Full-Stack програмирање која ги покрива и двата дела, со што би ми помогнало да ја видам пошироката слика. А со тек на времето и насобраното искуство би се пренасочил кон тоа во кое повеќе се пронаоѓам.
Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?
Слободно можам да кажам дека моите очекувања се исполнија. Одлични професори кои несебично го споделуваа своето знаење. Практичната работа константно низ целата Aкадемија, како индивидуално, така и тимски, ме подготви за работа. Со други зборови, Академијата ми даде нов смер во мојата кариера.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Секој модул си има своја преносна вредност и се надополнуваат еден со друг. Но, ако издвојувам би рекол Laravel, бидејќи отвори нови хоризонти, сѐ што беше научено од предходно се спои во едно и доби нов шмек. А како најголем предивик ми беше работата на Хакатонот за реален клиент. Со вложување на преголем труд и максимална посветеност на тимот успешно ги надминавме сите предизвици.
Твојата кариера како Web Developer ја започна на практикантска позиција во компанијата Codeit Solution. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?
Го пратив моето CV. Потоа ми дадоа задача која требаше да ја решам, тоа проследено со техничко интервју. По неколку дена добив повратен одговор дека сум примен.
Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?
Конечно го работам она во кое се пронајдов. Од мене се бара посветеност и одговорно сработување на тасковите и секако желба за учење. Во Codeit Solution се користи широка палета на технологии. Како за почеток се запознавам со алатките и технологиите кои ги користам во работењето, како Java, Angular, Magnolia CMS и др, кои преку таскови работејќи на реален проект го усовршувам наученото. Благодарение на Академијата, се стекнав со добра основа и знаење кое ми овозможи да продолжам да се надградувам, учам и истражувам во ова море од различни технологии.
Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?
Ако се двоумат, да бидат храбри и одлучни. Иако патот не е воопшто лесен, но сепак сатисфакцијата која се добива од успешно реализирање на целите е незаменлива. Или што би рекол Џим Рон – “There are two types of pain you will go through in life, the pain of discipline and the pain of regret. Discipline weighs ounces while regret weighs tonnes”.
И за крај, кои се твоите планови за во иднина?
Да учам, да се надградувам и да работам на интересни проекти со импликации во реалниост свет.
Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Full-Stack програмирање.
На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
