Запознај ja Сара Стојовска – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец март 2023.

 

Име и презиме: Сара Стојовска

По професија: Group Corporate Center Assistant

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Зошто баш оваа област: Сакам да имам можност и способност, проектите да ги извршувам од почеток до крај, самостојно.

Што те мотивира постојано да учиш: Мојот тим со кој сум заедно на Академијата и секојдневно споделуваме нови знаења, како и идејата што сè може да знам за година отсега.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Досега, модулот SASS, бидејќи пред да започнам на Академијата бев запознаена само со CSS.

Омилен модул и зошто: PHP, бидејќи највеќе ме интересира позадината на сè што се случува со податоците на една веб апликација.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори ми оставија одличен впечаток, но Ахмет Адем највеќе, бидејќи имаше одговор на секое прашање и ни помагаше како подобро да ги совладаме потешкотиите на модулите.

За 5 години сакам да бидам: Искусен програмер кој секојдневно го надградува своето знаење и е дел од некоја голема IT компанија.

Хоби: Играње онлајн игри, сликање зајдисонца.

Омилена книга:Кој го здипли моето сирење?“

Омилен цитат:Whatever new experiences await me today, I’ll meet them head-on.“ 

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!