Виктор Зафировски Атанасов – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање

Запознај го Виктор Зафировски Атанасов – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец јули 2023.

 

Име и презиме: Виктор Зафировски Атанасов

По професија: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Зошто баш оваа област: Поради тоа што нема поубаво чувство од тоа да знаеш како да изградиш целосна веб страница од почеток до крај, самостојно.

Што те мотивира постојано да учиш: Најголема мотивација ми се инструкторите на Академијата и мојата желба за надградување на моето знаење.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Никогаш не се откажувај, решението се наоѓа во упорноста.

Омилен модул и зошто: Досега омилен модул ми е PHP затоа што ја поедноставува работата на одредени делови на кодот и затоа што работењето со податоци ми е доста интересно.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Јас би рекол дека сите инструктори оставаат голем впечаток, но би го одвоил Ахмет Адем затоа што го правеше учењето поинтересно со неговиот пристап.

За 5 години сакам да бидам: Full-Stack програмер

Хоби: Читање на манга

Омилена книга: Seven Kings

Омилен цитат: „Среќата не е нешто што е веќе направено. Доаѓа од твоите сопствени дела.“

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!