Запознајте го Томе Арапов – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец април 2022.

 

Име и презиме: Томе Арапов

По професија: Дипломиран економист

Академија: Академија за Full Stack програмирање

Зошто баш Full-Stack програмирање: Бидејќи сакав да научам backend web development јазик со кој ќе можам да бидам компетентен на пазарот на трудот, подоцна кога ќе барам работа. Се одлучив за full stack академијата затоа што покрај тоа што ќе научам како позадински работи софтверот, ќе се стекнам со знаење и од front end делот коe сигурно ќе ми бидe неопходнo понатаму во кариерата.

Што те мотивира постојано да учиш: По природа сум љубопитен човек коj постојано сака да учи нови работи кои би ми биле корисни за понатаму во кариерата. Рапидната дигитализација на сѐ околу нас бара да се едуцираме и да стекнуваме нови вештини ако сакаме да бидеме во тек со промените кои секојдневно се случуваат во IT светот.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Размислување со програмерски mindset.

Омилен модул и зошто: На средина од Академијата, засега би ги издвоил PHP и МySQL модулите на кои го темелам моето знаење. Со OOP пристап во PHP научив како да пишувам код кој е оптимален и одржлив во придружба со добро структуирана база на податоци.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Kudos for everyone! Сите се врвни професионалци, имаат огромно искуство во online пренесување на знаење и се експерти во областа која ја предаваат.

За 5 години сакам да бидам: Се надевам senior develоper. 🙂

Хоби: Трчање, планинарење, квизови.

Омилена книга: 12 rules for life од Џордан Питерсон

Омилен цитат:Life is like a piano, what you get out of it , depends on how you play it.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!