Запознајте го Вангел Ангов – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец август 2022.

 

Име и презиме: Вангел Ангов

По професија: Дипломиран туризмолог

Академија: Академија за Front-End програмирање

Зошто баш Front-End: Отсекогаш сакав да научам да го правам делот од апликацијата кој корисниците можат да го видат и да воспостават комуникација со него.

Што те мотивира постојано да учиш: Најголема заслуга за да научам нешто ново има групата со којашто работам на менторските проекти. Секојдневната комуникација и размена на идеи ми овозможува континуирано учење и надградување .

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Тоа што научивме да правиме респонзивен веб дизајн за страницата да биде флексибилна и да биде адаптирана на било кој уред.

Омилен модул и зошто: Мислам дека најинтересните модули треба допрва да ги изучиме, но за сега: JavaScript модулот ми е омилен. Ни овозможува додавање интерактивност на веб-страниците и на веб апликациите.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Кристијан Бобевски и Ненад Тренчевски

За 5 години сакам да бидам: Успешен Front-End Developer во компанија со тим кој би ми овозможил надградување и проширување на знаењето.

Хоби: FL-studio

Омилена книга: 12 RULES FOR LIFE – Jordan Peterson

Омилен цитат: “We have two lives, and the second begins when we realize we only have one.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

*Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Р.С. Македонија