Запознајте го Марин Маринов – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец јуни 2022.

 

Име и презиме: Марин Маринов

По професија: Front-End Developer

Академија: Академија за Front-End програмирање

Зошто баш Front-End програмирање: Уживам во процесот на оживување на сајт. Почнуваш со бела страна и некој дизајн, и треба да стигнеш до целосно интерактивен свет за корисникот.

Што те мотивира постојано да учиш: Самоподобрување. Ако го споредам кодот што го имам пишувано пред 3 месеци со тој денес, гледам напредок. Дополнително, ИТ светот е бескраен, секогаш има начин да се пишува почитлив и подобар код, да се учат нови технологии итн.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Сега за сега, би кажал Sass. Додава многу функционалност над стандардниот CSS и му дава „feel” на вистински програмски јазик.

Омилен модул и зошто: Javascript модулот бидејќи JS како јазик е толку разновиден. Од мобилни и web апликации до game development, од Front-End до Back-end, Javascript има frameworks/libraries кои се перфектни за работата.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Менторот Кристијан Бобевски и инструкторот по JS – Ненад Тренчевски. Учителот го формира девелоперот, и среќен сум што на Академијата имаме учители со многу знаење и пасија за работата.

За 5 години сакам да бидам: Senior React Developer

Хоби: Видео игри, шах, патување низ светот и многу други.

Омилена книга: The Lord of the Rings Trilogy

Омилен цитат: “Life is not about how many times you fall down. It’s about how many times you get back up.” 

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!