Запознај го Бојан Василев – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец јули 2023.
Име и презиме: Бојан Василев
По професија: Дипломиран економист
Академија: Академија за Front-end програмирање
Зошто баш оваа област: Бидејќи можностите се бесконечни! Програмирањето може да се примени во секоја друга област.
Што те мотивира постојано да учиш: Самото тоа што постојано учам нешто ново, ми причинува големо задоволство и ме мотивира да одам чекор понатаму.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Можноста да го прочиташ кодот и да знаеш како функционира веб страницата и што се случува во позадина.
Омилен модул и зошто: Дефинитивно JavaScript бидејќи тогаш сè доби смисла.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите се одлични, посветени и полни со знаење, но мене најголем впечаток ми остави Иван. Неговиот ентузијазам и љубовта кон програмирањето ми створија желба за учење и напредок во оваа област.
За 5 години сакам да бидам: Добар и успешен Front-end Developer.
Хоби: Видео игри, ТВ серии и филмови.
Омилена книга: Алхемичарот од Пауло Коељо.
Омилен цитат: „Ништо не е невозможно ако си доволно упорен.“
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
