Во оваа блог објава, си поразговаравме со Александар Саров – студент на нашата Академија за Front-End програмирање за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Александар, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Александар?

Моето име е Александар Саров, по професија сум дипломиран технолог со работно искуство во индустријата и невладиниот сектор. После години работа, се одлучив да направам кариерна трансформација, насочувајќи се кон програмирањето и информатичките технологии што како област отсекогаш биле интересни за мене. Желбата за учење ме доведе на Академијата за Front-end програмирање при Brainster.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијага за Front-End програмирање како студент?

Последниве месеци значаен дел од времето го поминувам работејќи на проектите што ги работиме во рамки на студиите. Тоа значи редовна комуникација со членовите на тимот и менторите, прегледување документација за технологиите коишто ги користиме додека ги развиваме проектите, прегледување и адаптирање на кодот што сме го испишале.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Омилен модул ми е React бидејќи го опфаќа сето знаење со кое се стекнав во текот на Академијата. Со оглед на тоа колку се развива и популарноста која ја ужива, React претставува многу добра основа во мојата кариера како фронт-енд програмер.

 
Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера? 

Воопшто да не се двоуми и да не чека. Наставната програма е прилагодена за секој којшто ја поседува желбата да учи и да се надградува, без разлика дали некогаш претходно се сретнал со технологиите и програмските јазици коишто се изучуваат. Позитивната атмосфера во текот на целата Академија, поддршката што ја добиваме од менторите, нивното знаење и искуство, комуникацијата и пријателството со другите студенти и тимската работа за време на проектите се одличен предуслов за успех.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Тимската работа, редовната комуникација со менторите и другите студенти, што резултираше со нови пријателства.

 
Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Не би можел нешто посебно да издвојам, би рекол дека предавањата беа така испланирани да беше тешко да ги следиме ако го немавме совладано материјалот од претходните часови. Едноставно мораш да си во чекор со тоа што се изучува во текот на целиот период додека траат студиите.

 
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Во иднина се гледам себе си како успешен Front-end програмер, со богато искуство позади себе, горд на успесите и среќен со кариерниот избор што го направив.

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!