Бојан Трајкоски е студент од Академијата за Front End програмирање, кој што веднаш по нејзиното завршување успеа да се вработи во Атис – софтверска компанија од Тирана која што од неодамна отвори канцеларии и кај нас. Со персонал од 80+ искусни девелопери каде што влегува и нашиот студент, тие се во состојба да создаваат и градат целосни и многу компленти веб апликации кои што се засновани на најсовремени технологии.
Дополнотелно, Бојан е и дел од асистентите инструктори на Академијата за Front End програмирање во Brainster. Тој смета дека освен напорниот труд и континуираното учење, „главен виновник“ за успехот во неговата кариера е токму неговото искуство на оваа академија.
Си поразговаравме со Бојан околу тоа како изгледа еден работен ден на девелопер, за неговата желба да научи програмирање и за технологиите со кои што работи.
Дознајте повеќе што тој ни кажа!
Бојан ти си еден од оние кои решија да направат целосна кариерна трансформација. Раскажи ни повеќе за желбата да учиш програмирање?
Се сеќавам на првиот напишан код, кој иако беше далеку од она каде сум денес, сепак беше момент на одлука, вистинска одлука да токму програмирањето биде мојата нова определба и иднина – нешто што во кое безрезервно се вложив.
Чувството дека креирате, создавате нешто ново, нешто уникатно и истото набрзо станува дел од глобалниот ИТ пазар, е нешто на кое лично се гордеам.
Многу сум благодарен на поддршката и препораките на мојата сестра, од каде и ја добив желбата да учам програмирање и можам со сигурност да кажам дека ова е единственото нешто што во целост ме исполнува и сум убеден дека е најдобриот избор.
Опиши ни како изгледа еден работен ден на девелопер? Што најмногу ти се допаѓа во твојата работа?
Голема шолја утринско Nescafe, свежо овошје и џус кој излегува од нашата кујна е речиси секое едно утро, за добар почеток на денот.
Работам за странска софтверска компанија која има постоечки канцеларии во неколку европски земји, вклучително и тука кај нас во Скопје, во едно прекрасно окружување во кое постои позитивна енергија, взаемна почит и помагање како внатрешно така и со остатокот на колегите надвор од тука.
Следува мини брифинг и потоа се фаќам за работа веднаш. Добивам таскови на изработена засебна платформа за внатрешна употреба за потребите на фирмата и тука почнува она вистинското – “Keep calm, magic is in progress”.
Најголемото задоволство е исклучително опуштената атмосфера и непостоењето на монотонија во решавање на предизвиците, секогаш има новитети, различни пракси на пристап кон извесна проблематика од каде доста се учи и успевате полека да се надградите и преминете кон подобар девелопер.
Да не заборавиме дека на крајот на денот клиентот е нашата најголема грижа, па оттука и секој проект мора да биде на ниво на нивните очекувања во однапред договорена временска рамка.
Какво беше твоето искуство со Академијата за Front End и како тоа ти помогна да ја најдеш работата која што ја сакаш?
Brainster направи од мене сè она што сум денес кога зборуваме за програмирање. Одлично познавање на неколку современи техники за креирање и изработка на web, стекнување на исклучително знаење како и многу препораки кои се во насока на потпомагање на трасирање на патот до успехот, сето тоа е дело на одлично направениот и иновативен концепт на кој се базира Академијата.
Мојот прогрес како и работата на секој еден студент беше во континуитет следена од целокупниот тим на Brainster, од моментот на почетокот па сè до завршувањето. Благодарение на ваквиот пристап успеав да завршам како еден од најдобрите студенти, успех за кој неизмерно сум благодарен како на менаџерскиот тим така и на врвните инструктори кои имаат зад себе повеќегодишно искуство и кои во целост беа посветени на решавање на проблемите со кои тековно се среќававме.
Brainster е директен виновник впрочем и веднаш по завршувањето на Академијата да најдам работа, а вооедно и хонорарно сум вработен и како Асистент инструктор на Академијата за Front End тука во Brainster. Many thanks!
Како успеваш да се справиш со предизвиците кои ги носи твојата работа? Кои технологии ги употребуваш?
Од моментот кога почнав со Академијата до денес и со голема веројатност и понатаму, во ниеден момент не престанав да учам и да се надградувам себеси.
Бев исправен пред доста предизвици и тоа ми помогна да изградам една непоколеблива самодоверба која многу ми го олеснува решавањето на дневните задачи. Mногу сум задоволен од постигнатото за релативно краток временски период, но пред себе имам доста работа и планови кои допрва претстојат.
Од технологии покрај основите како и платформи кои се индиректно поврзани со програмирањето, најмногу употребувам и се пронаоѓам себе си во JavaScript and ReactJS (Redux, Styled Components, Material UI, SCSS, Typescript, Gatsby & Next, GraphQL + WordPress as a headless CMS, Magento PWA, …etc).
И за крај, што би им препорачал на оние кои што сакаат да научат програмирање?
Успехот е возможен за секој што има желба како и извесна самоувереност во поглед на програмирањето, дури и со нималку предзнаеење од оваа област. Убеден сум дека со доволна посветеност, неуморна работа и добар time management, може да се постигне посакуваниот резултат.
Ги охрабрувам сите кои се во исчекор дали да тргнат по овој пат да не се двоумат, вреди секоја една минута време која ќе е вложите во Вашата идна програмерска професија. Cheers.
Доколку размислуваш за кариера во областа на Front-End програмирање и си подготвен да учиш по програма одлично прилагодена за почетници, но и од искусни инструктори, закажи информативна средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!