Опсесивната грижа за студентите не препознава сезоналност, па дури ни за време на одмори. 🚀

Со помош на тимот за ко-иновации и вработување, во најжешкиот месец од годината, се вработија 27 студенти од нашите Академии и се реализираа 9 успешни реални проекти за нашите партнери за ко-иновации. Во превод, школската година започна со висок старт!

Изминатиот месец беше еден од најуспешните месеци за тимот на ко-иновации и вработување до сега! Месец август броеше 27 вработувања на студенти и практикантски позиции, во 15 домашни и интернационални компании како: Cantab, Depth Agency, BrightBox, Loka, MediaGenix, IT Crowds, Scandiweb, А88 lab, Brand Union, Orioly, x3mLabs, The Artisan food and drink company ltd, Sample Solutions, MediaCom Switzerland.

Исто така, во месец август донесовме свежина и во нашиот тим, посакавме добредојде на 2 наши студентки од Академијата за Software Testing и Академијата за Full-Stack програмирање. Girls, welcome to the team!

Покрај успешните вработувања и пракси, месец август е месец на 9 успешни реални проекти со нашите партнери за ко-иновации. Студентите успешно изработија 3 маркетинг стратегии, дизајнираа надворешен изглед на ресторан, успешно реализираа 2 хакатони и изработија 2 креативни решенија за веб страни.

 

 

Студентите на Академијата за дигитален маркетинг, во месец август успешно изработија 3 маркетинг стратегии за нашите клиенти МАККА бар, невладината организација Отворена Порта – Ла Страда и Универзитетското Студентско Собрание (УСС). Маркетинг активностите наскоро ќе имате шанса да ги видите на самите профили на клиентите.

 

 

По завршувањето на предавањата, студентите од Академијата за графички дизајн започнаа со изработка на своите завршни проекти со цел да ја комплетираат програмата. Нивната задача беше да го редизајнираат надворешниот изглед на fast food ресторанот – Food Hood со цел да стане повпечатлив за потрошувачите. 

 

 

Како за реални проекти, така месец август беше успешен и за хакатони! На Академијата за Software Testing, Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање, беа реализирани дури 2 успешни хакатони за проектите VA Engeneering и Brainster Labs.

 

 

Академијата за UX/UI дизајн, исто така работеше со полна пареа и креираше 2 успешни решенија за виртуелна галерија која наскоро ќе се лансира на пазарот и за нашиот нов партнер за ко-иновации – Special Olympics.

Вака изгледа летото во Brainster, едвај чекаме да ви кажеме што се случува во септември!

 

 

Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа