Податоците се извор на енергија за компаниите, а ние создаваме повеќе податоци од кога и да било. „Data is the new oil“, велат, па како нафтата, така и податоците – за да бидат вредни и да послужат, треба да се рафинираат.

Но, собирањето на океани од податоци не е практично ако не го разбираме процесот на нивното селектирање и толкување. Токму овде настапува деловната интелигенција, или Business Intelligence (BI). За да се постигнат посакуваните ефекти со помош на податоците, потребно е да се познаваат и совладаат соодветни алатки.

Интересот за BI на глобално ниво постојано расте, а експоненцијално расте и конкурентниот пазар на BI алатки. Овде ќе зборуваме за најинтересната за нас – Microsoft Power BI, за кој наскоро има курс кај нас во Brainster. 

Што е Power BI?

Мicrosoft Power BI e интуитивна и user-friendly алатка, дури и за оние кои немаат никакво искуство во BI. Тој нуди разбирлив сет од визуелизации како столбови, графикони, мапи на распространетост и сл., и е доста детален кога станува збор за визуелниот приказ на податоците.

Microsoft првенствено го претстави Power BI во 2013 година. Назад во времето, Excel со екстензиите како Power Query и Power Pivot направи револуција во прикажувањето на податоците. Во јули 2015 година Microsoft ги спои сите овие екстензии во една и ги лансираше Power BI Desktop (ad-hoc анализи, подготовка на податоци, dashboards и data анализи) и Power BI Service (веб сервис за објавување на содржини и тимски chat простор).

Како работи Power BI?

Со Power BI можеш да собираш, прегледуваш и визуелизираш податоци при што имаш поголем увид во нивното однесување, и според тоа,  можеш да донесуваш одлуки засновани на реални податоци. Овој софтвер се состои од machine learning алгоритми кои „шетаат“ по податоците за да го препознаат  и научат моделот на податокот. Со учењето на овие шеми, Power BI со податоците може да прави предвидувања и „what if“ сценарија. За љубителите на статистиката, овој софтвер поддржува функционалности како интервал на доверба, бета дистрибуција и R-скрипти.

Додатоците кои доаѓаат заедно со оваа алатка се доста разбирливи. Како и да е, поради брзиот раст и потребата за флексибилност во оваа бранша, од Power BI секој месец лансираат нови додатоци и функционалности кон оваа алатка. Со ова темпо на постојана надградба, големи се шансите ако ви се појави потреба од додаток а тој не е достапен, истиот да биде достапен веќе наредниот месец. Power BI им помага на корисниците да знаат што се случувало со податоците не само во минатото и сегашноста, туку и да ги предвидат идните трендови кога станува збор за бизнисот и следното ниво на BI.

Зошто да го користите Power BI?

Замислете го Power BI како еволуирана верзија на Excel. Го имате резултатот, но овојпат многу помоќен при известувањето и пренесувањето на крајниот резултат.

Ова се дел од клучните придобивки:

  • Можете да внесете огромен број на бази на податоци што многу други слични платформи би се мачеле да ги испроцесираат;
  • Функциите на „паметно учење“ што ги анализираат податоците и наметнуваат трендови;
  • Информациите можат да се визуелизираат во моќни шаблони при што вашите податоци стануваат по опипливи и разбирливи;
  • Овој софтвер е cloud-based платформа, така што вие добивате најнови обновени алгоритми кои постојано се надградуваат;
  • Можат да се постават „аларми“ кога зборуваме за клучните индикатори на успех ( Key Performance Indicators) за корисниците да се задржат на важните и мерливи величини;  
  • Интуитивен интерфејс што е едноставен и лесен за навигација;
  • Се интегрира со други алатки за управување како Google Analytics, SAP, Salesforce и Mailchimp;
  • Безбедноста на податоците, како основен предуслов пред да започнете со работа на некој софтвер. Со Power BI, податоците се контролирани во поглед на достапноста, како интерно така и екстерно. 

Кој го користи Power BI?

Иако BI продуктите во принцип се алатки во надлежност на аналитичарите, благодарение на интуитивната природа, Power BI освен во бизнис секторот може да се користи и во многу други професии.

Како ќе го користите, зависи од вашата улога и обврска. Во принцип, оваа алатка ќе даде резултат без разлика на зададениот параметар, па така, можеш да имаш увид во податок од било каква природа. Најпопуларен и најчесто користен е во финансискиот сектор, маркетингот, продажбата, човечките ресурси и оперативниот менаџмент. Microsoft никогаш не се расфрлал со бројки кога станува збор за популарноста на нивниот производ, но во 2018 година излегоа со официјални броеви дека корисниците кои го користат овој софтвер достигнал над 5 милиони.

Наскоро во Brainster започнува курс за Microsoft Power BI на кој ќе ги научиш и совладаш предностите при користењето на оваа алатка. Во неколку кликови, лесно ќе ги трансформираш податоците на твојата компанија или бизнис во лесно разбирливи и визуелно моќни извештаи и презентации.