Со задоволство го соопштуваме партнерството со Laika. Wearelaika.com е платформа за поврзување на компании и професионалци кои се занимаваат со технологија во Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска, централизирајќи ја локалната IT заедница за учење, споделување и вмрежување.

Ова партнерство е од стратешко значење за нас како компанија, но во исто време и за целиот локален Tech екосистем.

Во моментов на платформата има над 6100 портфолија од Tech професионалци и 110 компании кои активно бараат нови вработени. На платфрормата талентите се анонимни во процесот на барање на работа, а компаниите можат да се претстават себе на автентичен начин преку онлајн и офлајн интеракција со заедницата.

„Let’s build some rockets together” е мотото на Brainster од самиот почеток а идејата позади него е да ги инспирира идните студенти и да помогне на нашиот тим секогаш да има јасен фокус каде треба да ги однесат студентите и нивните кариери. Од самиот почеток идејата е на сите студенти на академиите да им понудиме целосно заокружено искуство кога се работи за кариерна трансформација. Не само пренесување на теориско и практично знаење туку и помагање при пронаоѓање пракса или работа. Без разлика дали започнувате или веќе имате кариера ама сакате да направите промена тука сме да ви помогнеме во остварување на таа мисија.

Процентот на вработување на студентите од академиите на Brainster, кои сакаат да започнат или да ја променат постоечката кариера е над 90%. Со ова партнерство, сакаме да стане 100%, овозможувајќи супер работни можности за студентите. Ова значи дека од сега сите студенти на академиите во Brainster веднаш по запишувањето ќе имаат сопствени профили на платформата кои ќе бидат ажурирани редовно, што ќе овозможи процесот на пронаоѓање работа да биде скоро целосно автоматизиран.

Дополнително, на сите академии на Brainster, студентите во текот на програмата ќе имаат прилика да посетуваат работилници за креирање на портфолиjа, припреми за интервјуа и career advise сесии како дел од Brainster Career Week powered by Laika каде дел од обуката ќе ја водат професионалците од Laika.

Laika покрај тоа што сака да направи disruption во процесот на вработување на таленти и начинот на кој компаниите им пристапуваат, исто така за цел има градење IT заедница во Македонија и регионот, особено за emerging технологии. Тоа го почнаа со првиот, од серија идни настани под назив Meet the Future кој беше фокусиран на machine learning, artificial intelligence и data science. Заедница на професионалци и ентузијасти имаше прилика во два дена да проследи пет предавања на темата. Тројца од говорниците се нашите предавачи од Академијата за Data Science.

It looks like we are about to make some spaceships together ?

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫