Brainster академиите се префрлија во виртуелни училници со real-time настава во живо, сè со цел обука и преквалификување во кадри за кои има висока побарувачка во digital и tech индустриите.
Во ова непредвидливо време, нашата цел е на сите студенти да им овозможиме интеракција, комуникација и соработка во реално време.
Го прашавме нашиот студент Бојан Стојковски да ни даде insights во неговото секојдневие и во неговиот начин на учење во виртуелната Brainster училница.
Ти си еден од студентите на Академијата за програмирање кои започнаа да слушаат предавања и работат на реални проекти во нашите виртуелни училници. Какво е твоето досегашно искуство во овој процес?
Уживам да ги следам предавањата во домашна атмосфера, имајќи предвид дека сум од Куманово и треба да патувам до Скопје за да ги следам во физичка училница. Исто така, уживам и во посветеноста на инструкторите. Навистина се посветени и трпеливи со нас (нешто што лично сум го тестирал) и ни посветуваат вистинско внимание како претходно така и сега во виртуелните училници.
Какви ризици гледаше во овој тип на учење и дали сметаш дека тие ризици сè уште постојат?
Сметав дека вежбите може да претставуваат проблем во виртуелното учење бидејќи нема да го има личниот допир. Но, логистички мислам дека тоа повеќе претставува предизвик за инструкторите, а помалку за нас студентите. Меѓутоа, во виртуелната училница реалниот допир го има со споделување на екранот (нашиот и на инструкторот), па сите присутни се постојано во тек.
Реален ризик сметам дека може да претставува интернет конекцијата на инструкторот. Доколку таа конекција е лоша, тогаш сите ние ќе имаме проблем што може да ги наруши термините.
Исто така, мислам дека и евидентирањето на присуство ќе претставува проблем. Скоро сигурен сум дека никој своеволно не сака да е без интернет, но тоа може да се злоупотреби како изговор за отсуство.
На крај ништо не е совршено нели, во секое добро има и малку лошо. Но, тимот на Brainster ја измина и додатната дистанца и успешно се справи со ситацијата. За нас студентите во овој момент е многу важно тоа што Brainster ќе произведе квалитетен кадар без разлика на типот на учење. Посебно во овој момент кога најважно ќе биде да си подготвен за промените кои нè очекуваат.
Дали мислиш дека сè уште постои потребата од физички училници?
Добро прашање! Сметам дека особено во почетната фаза, првиот пристап, делот од програмата кој ги опфаќа HTML и CSS, потоа и првиот допир со програмски јазик како JavaScript или PHP е важно барем работилниците ако не и предавањата да бидат изведени во физичка училница. Од лично искуство можам да потврдам дека личниот допир многу допринесува во тие моменти кога ние студентите сме збунети од стравопочит кон комплексноста на програмирањето. Интеракцијата со искусен инструктор знае да се покаже како смирувачка и охрабрувачка. Со оглед на тоа што во визуелната училница ги имаме истите придобивки како и во физичката за учење во овој момент наставата слободно може да продолжи.
Како Brainster вирутелното учење ја смени твојата перцепција за физички простор општо?
Најмногу ми недостасуваат колегите, пријателите, просториите, чувството кое што го имав таму дека конечно некаде припаѓам и домаќинката Цаци со која споделивме прекрасни моменти во изминативе месеци. Во однос на учењето конкретно, успеав да увидам и една поинаква перспектива со учењето од дома. Момците и девојките од Brainster буквално влегоа во зоната, веднаш ни подготвија материјал. Mене лично не ми претставува никаков проблем локацијата. Сум предлагал и пред тековнава ситуација да изведеме настава во природа (хаха, се шалам).
Како се сменија твоите секојдневни навики по ограничувањето на физичкото движење?
Мојата редовна работа како и студиите се пред компјутер. Јас во последните 18 месеци секој ден по цел ден се наоѓам пред компјутер така што навистина не чувствувам никаква промена. Единствено во периодов не одам физички на работа и на настава, па успевам да поминам повеќе време со семејството, а тоа е плус за мене. Мислам дека и планетата и животните имаат по некој плус од сево ова.
Како мислиш дека овој тип на учење ќе ги промени твоите навики сега и во иднина?
Веќе спомнав дека сум од Куманово, па малку ми е поекономично да учам од дома во поглед на финансии и време. На промените кои ги носи животот сакам да гледам како на предизвици, а обожувам предизвици бидејќи сè што ќе ме извади од зоната на комфорт за мене е позитивно искуство и се трудам да се адаптирам и да научам од секоја ситуација. Мојата лична филозофија е „чашата е до пола полна” па на ситуацијава гледам со став дека сум привилегиран да ги искусам и двата начини на учење, и физички и виртуелно за разлика од студентите кои веќе завршиле, а прв во однос на оние кои допрва ќе започнат со студирање.
Кое е твоето видување на моменталната програма на Академијата и дали претрпе промени со премостувањето на учењето во виртуелна училница?
Искрено на мене одлично ми влијаеше малата пауза која ја претрпевме. Во тој период вежбавме online со инструкторите, но малку одморивме од нови информации и бев во можност да се посветам повеќе на работата. Радосен сум што Brainster вметна додатни активности, вежби, вебинари како бесплатен материјал и што поради настанатата ситуација сум малку послободен сите да ги проследам.
Како гледаш дека твојата иднина ќе се смени со моменталната ситуација и дали сметаш дека искуството во Brainster ќе ти помогне во овие предизвици кои ги очекуваме?
Иднината претставува мистерија и предизвик дури и во нормални услови. Моментално неизвесноста и непредвидливоста се она на кое сите се фокусираме, па одлучив наместо да ја прогнозирам иднината максимално да се фокусирам на моментот. Морам да забележам дека Brainster, како и многу пати претходно, максимално ефективно и брзо се адаптираше на ситуацијата и знам дека во мојата иднина сакам да сум во такво опкружување.
Каков е твојот корнер за учење? Што има во него? Дали може едно селфи?
Мојот корнер за учење, мојата канцеларија за работа, мојата пештера и светилиште е мојата гаража каде што ми се и моторциклите, алатките за механика, опремата… Тука буквално во ќоше ми е и работната маса со компјутерот и таблата за планирање, каде што го поминувам и најголемиот дел од своето време. Навистина не сум фан на селфиа, се надевам дека нема да ми замерите затоа што ви изготвив нешто поинакво.