Во изминативе две години се случија многу работи кои сигурно не можеме да ги раскажеме во еден блогпост. Ќе се обидеме да ти доловиме како си поминавме во случај да не беше дел баш од сите курсеви, академии и meetup-и.

Во Brainster се учи со реални проекти и практична работа. Се стремиме да ја пополниме празнината помеѓу она што го знаат индивидуалците и она што им е потребно на компаниите. Низ нашите програми поминаа повеќе од 2500 учесници. Научија нова вештина, направија кариерна промена, стигнаа до нова работа или го подобрија работењето во својот бизнис.

Brainster skopje
За скоро 2 години организиравме повеќе од 250 курсеви и академии за Програмирање, Маркетинг, Дизајн и Бизнис со повеќе од 500 проекти, вежби и работилнци. Преку работењето, учесниците се стекнаа со преку 60 нови вештини, применливи веднаш на пазарот на труд.

brainster skopje

За процесот на учење да биде ефикасен, ги одбираме нашите инструктори како што би ги одбрале најдобрите овошки во овоштарникот – најголемите професионалци во својата индустрија.

Секојдневно сме во комуникација со нив за тоа што е она што се бара на пазарот на труд како најценета вештина. Така заедно ги приспособуваме програмите на последното знаење во индустријата.

brainster skopje

Најталентираните учесници се вработуваат во некоја од нашите 40 партнерски компании. Така го затвораме кругот на потреба од исполнета и успешна професија и недостаток на обучен кадар. На крајот од целиот процес бевме дел од многу вработувања, унапредувања и преселби. Проследени се разбира, со многу частенки.

brainster skopje
Ви благодариме на сите кои бевте дел од Brainster. Едвај чекаме да ве запознаеме сите вас кои еден од овие денови ќе станете дел од заедницата. Let’s build some rockets together!

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг