Периодов решивме да ги испробаме сите формати за креирање и споделување на содржини. Така дојдовме до идеа да направиме еден подкаст каде што ќе зборуваме за теми поврзани со нови трендови во светот на технологијата, науката, маркетингот и бизнисот.

Во првата епизода на подкастот на Brainster, Дарјан Раденковиќ збореше со Д-р Љупка Наумовска за новите генерации и промените кои тие ги носат со себе врз постоечките бизниси.

Што е дигитална трансформација и зошто е особено важна во време кога генерацијата Z полека станува доминантна потрошувачка сила на глобалниот пазар. Дали формалното и неформалното образование се перманентно спротивставени едно кон друго или можат да се надополнуваат и да одат рака под рака кон иднината? Каква е воопшто иднината со новата генерација?

За почеток подкастот е достапен на платформите Anchor и Spotify, но наскоро ќе биде достепен на сите поголеми платформи за дистрибуција на овој вид на содржини. Ги очекуваме вашите коментари, сугестии и предлози за содржина 🙂

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.