Во третата епизода на нашиот подкаст Петар Ниновски од Brainster зборува со Никола Бојков и Јане Узуновски од EmbedSocial. Никола е CEO и еден од коосновачите на компанијата која денес, 4-5 години подоцна, има тим од 12 луѓе и клиенти како што се CNN и National GeographicЈане е еден од првите луѓе кој се приклучи на тимот како ко-основач и денес е фокусиран на промоција на брендот на јапонскиот пазар и развојот на канабис сегментот во целокупното портфолио на клиенти.

Зборувавме за најчести грешки кои сите стартапи ги прават на почеток и дали треба да се чека идеален момент, или мораме да дејствуваме веднаш штом имаме некаква идеја. Колку е важна мотивацијата како на сопствениците така и на целиот тим за продуктот да успее и дали кај нас е конечно дојдено време на продукт-ориентирани компании и стартапи.

 

Повеќе за EmbedSocial можете да дознаете на нивниот блог, а Никола и Јане ви стојат на располагање за сите дополнителни прашања. Можете да ги побарате на LinkedIn и Facebook.

Подкастот е сѐ уште во рана фаза и сите добронамерни критики и сугестии се добредојдени, а оние другите ќе ги игнорираме =). Можете да нѐ слушате преку Anchor и Spotify.

Follow & Share 🙂

Related Stories For You