Летниот одмор е на прагот, а ние со полна пареа и заеднички сили продолжуваме да работиме и учиме!

Иако летниот одмор им овозможува на студентите да се релаксираат, да се посветат на себеси и да се подготват за новите почетоци, исто така, летниот период е одлична можност за стекнување на нови вештини, совладување на предизвикувачки курсеви, за испробување на нови интереси, учење на странски јазици, како и потполна дигитална и кариерна трансформација. 

Па така, новостите од месец јули се однесуваат на: подобрување на искуството на нашите студенти и нивното вработување, новиот Co-innovation партнер на Brainster, проектите кои успешно ги завршија студентите  и вработувањата со кои беа наградени.

 

 

  • 26 вработени студенти и 4 нови реални проекти за јуни, 24 нови вработувања за јули

Трендот на иновации и вработување на нашите студенти не го запираме дури и во летниот период на одмори! Во месец јуни, 26 од нашите студенти успешно започнаа со работа и програми за практикантство во повеќе од 15 домашни и странски компании, а беа реализирани 4 успешни реални проекти за нашите партнери за ко-иновации. Прочитај повеќе.

 

 

  • Јägermeister – нов партнер за ко-иновации на Brainster

Процесот на склучување на партнерство е олеснет преку новата платформа за ко-иновации и вработување со цел овозможување на брз и едноставен начин на аплицирање за заинтресираните компании. Овие партнерства го зајакнуваат и унапредуваат вмрежувањето помеѓу компаниите и талентираните млади кадри на почетокот на своите кариери. Дополнително, ја кршат бариерата на традиционалното и ги изложуваат новите брендови на нови пазари преку свежи и иновативни идеи. Во оваа блог објава, ви го претставуваме нашиот co-innovation партнер – The Locals. The Locals е најголемата BTL маркетинг агенција во Бугарија која работи со локални и интернационални брендови како што се: Coca Cola, Costa Cafe, Jägermeister и др. Прочитај повеќе.

 

 

  • Веб апликација за Jägermeister – завршен проект на Академијата за Full Stack програмирање

Студентите од Академија за Full stack програмирање имаа задача да работат на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор, а воедно и CTO на Brainster – Ивица Пешовски. Целта на проектот беше да се направи веб-апликација за наградна игра која ја организира Jägermeister, а преку која корисниците ќе можат да испраќаат слики, за Jägermeister да ги награди по случаен избор. Од страна на студентите беа понудени иновативни решенија за оваа апликација, но како победничко решение беше избрано она на Андреј Билјаноски. Прочитај повеќе.

 

 

  • Студентите од Академијата за дигитален маркетинг креираа Lead Gen стратегија за IPOhub

Христијан, Маја и Наталија се едни од најактивните студенти на нашата Академија за дигитален маркетинг. Овој тим имаше можност да работи на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор – Кристијан Арсов.  Целта беше да се креира  lead generation стратегија за странскиот start-up IPOhub. Имено, овој start-up се занимава со финансии и инвестиции. Она што требаше да го постигнат студентите беше да изградат стратегија која ќе донесе 1000 лидови до крајот на август 2021 год. А по овој датум да следи големото отворање и започнување со работа на IPOhub. Прочитај повеќе.

 

 

  • Креативно решение за модерен редизајн на логото на Бучен Козјак

Студентите на Академијата за графички дизајн имаа задача да работат на реален проект на модулот „Брендинг и лого дизајн“ под менторство на нашиот инструктор Александар Нофитоски. Целта на проектот беше да се даде нов, модерен редизајн на досега познатото лого на компанијата Бучен Козјак, а притоа да ги задржи нивните препознатливи елементи. Од страна на студентите беа понудени голем број решенија за редизајн на логото, но по презентацијата на редизајните како победничко решение беше избран редизајнот на Горјан Главески. Прочитај повеќе.

 

 

  • Академија за Data Science – Завршен проект: Beautif.AI класификација | Тим 1

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за Data Science имаа задача да го изработат нивниот завршен проект. Проектот на кој тие работеа е Beautif.AI – ios апликација за уредување и подобрување на слики на мобилен уред. Целта на проектот беше да се изработи робусен класификатор кој ќе предвидува дали одредена слика е: selfie, outdoor selfie, indoor photo pose, outdoor photo pose и picture without people. За успешно завршување на овој проект, задолжен беше тим 1 со членовите: Јасмина Радончиќ, Стефан Серафимовски и Ана Николиќ. Прочитај повеќе.

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Марија, Ивана, Ѓоко, Владимир, Дарко, Ања, Ивана, Дашмир и Марија, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️

Како до 1.000.000€? 🤫