Сергеј од Академијата е новото дизајн засилување во Brainster

Brainster-от позади нашите нови дизајни е Сергеј Спировски. Како еден од најдобрите студенти на Академијата за графички дизајн, веднаш по завршувањето го земавме во тим.
Кој е Сергеј, кажи ни нешто повеќе за тебе? 🙂
Растев во средина во која постои спој од ликовно и новинарско изразување. Веројатно контактот со боите, скулптурите и пишаниот збор влијаеа светот околу мене да го гледам од овие два аспекта. Афинитетот кон визуелната комуникација ме поттикна да се запишам на Индустриски дизајн – Машински факултет.
Што правеше пред да започнеш на Академијата за дизајн?
Работев на повеќе freelance проекти од областа на илустрација. Имајќи предвид дека како и во секоја област така и во графичкиот дизајн постојано треба да се надградуваш Brainster ми го овозможи токму тоа и ми ги отвори шансите подлабоко да навлезам во поединечните сегменти на дизајнот.
Освои прва награда за постер дизајн на изложбата организирана од „ГИЗ” на тема „No Poverty”. Кажи ни нешто повеќе за тој дизајн, што те инспирираше?
Учеството на оваа изложба на која ја добив подтемата “No poverty” ме натера да излезам од мојата комфорт зона и да применам поминималистички пристап на дизајн со цел да допрам до публиката и да ја пренесам пораката за парадоксот на денешницата-од една страна светот на сиромаштијата, а од друга ерата на дигитализацијата. Идејата ми беше да потенцирам дека милиони деца се соочуваат со гладта уште пред да дојдат во светот на спротивностите.
Илустратор или Фотошоп? И зошто?
Преферирам да ги работам двата програма бидејќи Illustrator овозможува прецизност, додека Photoshop нуди поголема слобода од уметнички аспект.
Имаш твој впечатлив стил на цртање, покажи ни нешто твое, и која е твојата приказна позади овој стил?
Стилот постојано се гради. Постојат фази кога се бараш, гледаш каде најдобро можеш да се изразиш и како квалитетно да станеш претпознатлив. Работам во тој правец, контурите сметам дека веќе ми се поставени, но се уште треба многу труд и време.
Сега си на пракса кај нас во Brainster. Како те спреми Академијата за работата сега, кои се оние вештини кои можеш да ги примениш?
Научив многу. Академијата ме едуцираше како да работам на конкретни проекти, како да се најде вистинското решение за потребите на клиентите. Пред да се почне со дизајнот важно е да се направи добра подготовка, да се соберат информации, истражувања и дури потоа да се започне со работа која ќе финишира со квалитетен производ.
Уписите за Академијата се во тек, резервирај си место тука!