Изминативе неколку години тешко дека можеше да ги заобиколиш термините како Data Science, Machine Learning и Artificial Intelligence, особено доколку имаш афинитет за било која форма на технологија, бизнис или маркетинг.
Целиот hype не е без причина. Џек Ма, CEO на Ali Baba вели дека светот ќе се сведе на податоци и дека ова е само почеток. Сведоци сме на транзицијата од IT во data driven свет каде податоците стануваат ресурс поскап и од нафта. Data Science е феноменот кој моментално го преобликува светот во Свет 2.0 – The Big Data World.
Количината на податоци која ја генерираме на дневно ниво е поголема од било кога во историја на човештвото. Мобилни телефони, паметни часовници и поврзани домашни уреди генерираат непрекинато огромни количини на податоци. Предвидувањата се дека до 2025 година дневно ќе бидат генерирани 463 ексабајти податоци. Ова звучи доста импозантно но самиот термин податоци е доста безличен и општ и не дава јасна слика за нивната вредност. Ако кажеме дека тие податоци кажуваат по кои патишта се движиме секој ден, каква музика слушаме, какви ни се потрошувачките навики, тогаш терминот податоци добива поинакво значење. Кога ќе сфатиме колкав контакт имаме со Data Science секој ден, ќе го сфатиме и феноменот зад нејзината популарност и побарувачка.
Во моментов Data Science е една од најбараните но и најдобро платени професии на Glassdoor а тој тренд се прелева и кај нас. Се поголем број на домашни ИТ компании бараат data scientists да се приклучат во нивните тимови.
Доколку се размислуваш за кариера во ова поле, преку Data Science Grader можеш брзо и лесно да провериш какво е твоето предзнаење и од каде треба да продолжиш со твоето едуцирање.
*автор- Иван Ефремов