Со прекорачување во Новата 2016, сите погледнуваме во деновите зад нас за да видиме што се сме направиле изминатата година.
Така и ние, тимот на Brainster, во текот на цела 2015 работевме на она кое официјално започна со работа пред само 2 месеци. За овој краток период со Brainster веќе создадовме заедница на експерти и луѓе кои постојано се во потрага по нови знаења и која од ден на ден брои се повеќе членови, што искрено не радува.
Кога го лансиравме Brainster, не размислувавме да се поставиме како уште една компанија за едукација, туку да креираме еден нов приод кон едукацијата.
На Brainster за овие 2 месеци се одржаа курсеви на различни теми, од дигитален маркетинг и дизајн, до претприемништвото и технологијата. За само 2 месеци:
- одржани се 20 курсеви/работилници,
- 15 локални експерти,
- Повеќе од 200 посетители кои се стекнаа со нови вештини кои им се потребни за лична и професионална надоградба.
Уште еден интересен податок е тоа дека еден од нашите инструктори за само за 9 дена само со еден поставен курс заработи повеќе од една просечна месечна плата. Зачленувањето во Brainster заедницата како локален инструктор/експерт и/или како посетител на некој од курсевите е бесплатно и може да го направите уште денес!
Овие показатели, ни потврдуваат дека сме на вистински пат да понудиме нешто ново и иновативно на пазарот и дека на корисниците им се допаѓа овој нов начин на учење. Дел од плановите за 2016 година ни се да ја прошириме понудата на курсеви во соработка со постоечките, но и со нови инструктори.
Нашите очекувања се курсевите/работилниците да ги посетат 2000 посетители само во Македонија. За да ги оствариме овие очекувања, а и на барање на членовите на Brainster заедницата од другите градови, планираме да започнеме со работа во уште еден град во Македонија како и да воведеме новитет кој ќе се состои во соработка со веќе успешни компании, кои преку нивните интерни експерти, ќе го споделат нивното практично знаење со заедницата, а истовремено ќе добијат и можност да ги ангажираат оние кои успешно го поминале курсот.
Во Новата 2016 исто така ќе се насочиме кон дополнително ширење на Brainster заедницата, со цел што повеќе луќе да имаат можност да ги споделат своите вештини и да научат нешто ново, за да си ја зголемат конкурентноста на пазарот на труд. Живееме во време кога многу компании и работодавци веќе не ги земаат факултетските дипломи во предвид при вработување, туку бараат искуство и вештини од кандидатите. Во овие 2 месеци ние имаме остварено првични и продлабочени преговори со партнери со чија помош Brainster ќе биде достапен во неколку Европски градови.
Уште една навистина значајна работа што ни се случи овие 2 месеци а на која сме навистина горди е тоа што нашата компанија беше селектирана да присуствува на Changemaker Xchange настанот организиран од најголемата организација за социјално претприемништво во светот Ashoka каде заедно со 22 иновативни стартапи од целиот свет, каде имавме шанса да ја споделиме нашата успешна приказна.
Визијата на Brainster остануваа непроменета – да го претвориме секое ќоше во урбана училница каде секој ќе може да предава и /или да учи практични вештини кои во моментот се бараат на пазарот на труд.
Сеуште сме на самиот почеток, но фидбекот кој го добивме од заедницата не мотивира да работиме уште повеќе, со цел да создадеме уште поголема вредност за целата заедница од инструктори и луѓе кои секогаш се желни да учат.
Зошто постоиме – lifelong learning!
Ние започнавме револуција во едукацијата, приклУЧЕТЕ ни се!