Ако како и многумина, сѐ почесто читаш и размислуваш за AI алатките, како и промените кои се очекуваат на речиси секое поле од бизнис и кариерен аспект, до личен напредок и развој, веруваме дека во оваа епизода на BRAINCAST ќе најдеш многу корисни совети.
Во петтата епизода на BRAINCAST, Петар ги сподели своите препораки за иднината на пазарот на труд, развојот на млади бизниси и проекти на долг рок, како и влијанието кое вештачката интелигенција ќе го има врз нашето секојдневие. Дел од темите кои ги дискутиравме беа:
- Какви промени нѐ очекуваат во постоечките essential работни позиции?
- Зошто не треба да брзаме со AI, но мораме да го совладаме?
- Како ќе се адаптираме на пазар на труд, во кој 40% од работните позиции кои ќе бидат потребни, во моментов уште не постојат?
Погледни ја најновата Q&A сесија на BRAINCAST и слушни ги мислењата на Петар, студентите на Brainster, Brainster Next и млади претприемачи кои се пријавија на повикот за дискусија.
Во најновата епизода на BRAINCAST ќе слушнеш зошто „меките“ вештини и можноста за адаптирање ќе бидат клучни за задржување на предност на пазарот на труд, како да се избориш со напливот на AI новости и препораки и да одлучиш што е најдобро за тебе, како и што е неопходно за да препознаеш добра бизнис идеја и да стартуваш свој бизнис.
Погледни повеќе корисни содржини од BRAINCAST тука или слушни ги сите епизоди на Spotify.
Целта на BRAINCAST е да покрене дискусии и споделувања на знаења. Доколку имаш тема за која би сакал/а да разговараме, сподели со нас твој предлог на социјалните мрежи на Brainster.
