Бојана во слободно време се занимава со пишување блог, создавање предмети од глина и посетување курсеви во Brainster! 🙂

Се дружевме на нашиот интензивен Курс за SEO, па Бојана ќе ни каже како си помина.

Останати се уште 2 места за новиот Курс за SEO –  види програма тука.

 

1. Здраво Бојана! Долго време се дружиме во Brainster. Кажи ни нешто повеќе за тебе!

Здраво! 🙂 Пред да претставам која е Бојана, морам да кажам дека ми е чест што имам можност да дружам со позитивците и интелектуалците од Brainster, бидејќи Brainster е еднa од подобрите работи кои би можеле да му се случат на човек.
А сега накусо за Бојана – креативен економист, стрелец вљубен во животот. Во слободно време се занимавам со пишување блог и создавање предмети од глина.

2. Беше дел од курсот за SEO со Билјана Димовска. Зошто баш SEO?

Познавањето на ЅЕО е неопходност за дигиталниот свет. Станува збор за жива материја која од ден во ден, од час во час се менува. Но, благодарение на Билјана која несебично го сподели знаењето и искуството со нас ја научив основата на ЅЕО. Примерите од реалноста споделени на предавањата, домашните задачи и дискусиите ги изградија темелите на ЅЕО кои сега и самостојно ќе можам да ги проширувам и надоградувам.

3. На што ве научи Билјана и што ти беше mindblown?

Многу време и простор би ми биле потребни за да можам да споделам што сѐ научив на курсот со Билјана, но накратко: ЅЕО action plan keywords, analysis tools, website tree.

4. Според тебе, зошто секој дигитален маркетер треба да има познавања од оваа област?

Ако се согласиме дека content is king во маркетингот, можам да кажам дека добар content без ЅЕО е mission impossible.

5.  Kолку ќе ти користи SEO во понатамошната кариера и работа?

Уште додека бев на предавањата на Билјана увидов кои се грешките што ги правев со моите блогпостови, па така периодов активно работам на нов и подобар блог. Исто така, бидејки целите и плановите ми се да се насочам активно кон дигиталниот маркетинг во периодот што следува, ЅЕО ќе биде од особена важност и голема употреба.

 

Новата програма за овој курс можеш да ја разгледаш тука.
kurs SEO

Related Stories For You

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.