Иако насловот посочува дека овој текст е наменет за секој дизајнер, добро е  секој да има во предвид како одредена боја има влијание врз конкретна ситуација или емоција.
Сите сме свесни за конекцијата помеѓу боите и емоциите, односно знаеме дека одредена боја влијае позитивно или негативно на нашето расположение.
Она што би сакале да го посочиме во овој блог пост е улогата која ја играат боите во креирањето слика за одреден бренд, односно како дизајнерите и маркетерите ги користат за да го добијат ефектот кој го посакуваат.

Наједноставно кажано – топлите бои поттикнуваат чувство на возбуда, даваат енергија и храброст, додека спротивните, поладни бои од спектарот како на пример сината или зелената, влеваат чувство на смиреност и сигурност.

дизајнер, курс

Знаејќи ги овие информации, маркетерите и дизајнерите го користат спектарот на бои со цел да ги предизвикаат саканите емоции и чувства кај определената целна група.

Па така на пример, жолтата е весела боја која поттикнува чувствo на оптимизам и привлекува внимание. Иако се смета дека е оптимистична боја, според истражувањата се покажува дека луѓето се поосетливи, а бебињата повеќе плачат кога се наоѓаат во жолти простории. Оваа боја ја стимулира концентрацијата и го забрзува метаболизмот.

Портокаловата боја зрачи со топлина и поттикнува весели емоции. Бидејќи ни дава чувство на емоционална стабилност и позитивен став, добро е да ја користиме кога поминуваме низ потешки периоди во животот. Оваа боја асоцира на авантура и превземање ризици, па би било добро да биде дел од нашето секојдневие, без разлика дали ќе облечеме блуза во портокалова боја или ќе одбереме нотес со портокалови корици.

дизајнер, курс

Црвената е најинтензивната боја во спектарот која го забрзува пулсот, оддава впечаток на достоинственост и храброст. Привлекува внимание и би требало да внимавате во која прилика ќе одлучите да носите нешто црвено. Премногу црвено делува агесивно и нападно, додека детал во црвена боја ќе ви помогне да се одвоите од толпата. Од друга страна, нејзината полесна, романтична варијанта – розевата боја делува смирувачки. Знаејќи го ова, некои спортски тимови ги фарбаат ѕидовите во соблекувалните каде што ќе престојуваат нивните противници во розева боја, со цел да им опадне енергијата.

Најмистичната, најтаинствена боја е виолетовата. Оваа благородна боја ја стимулира креативноста, интуитивноста и имагинацијата. Начесто се поврзува со софистицираност и луксуз. Ја содржи силата и енергијата од црвената боја и смиреноста на плавата боја. Асоцира на индивидуалност, уникатност и независност.

Бојата на морето и небото, оддава спротивен впечаток од црвената. Сината боја влева сигурност и смиреност, па затоа често се користи и во спалната соба.
Бидејќи симболизира лојалност, препорачливо е на интервју за работа да носите облека во сина боја. Луѓето се попродуктивни кога работат во сина просторија, а сините сали за вежбање и фитнес центри им влеваат повеќе сила и издржливост на оние кои вежбаат.

дизанјер, курс

Зелената боја ја симболизира природата, сѐ што е живо, здраво, сѐ што расте и се развива. Делува смирувачки и е најлесно прифатлива за окото бидејќи ја има насекаде во природата. Оние кои ја користат оваа боја сакаат да предизвикаат чувство на опуштеност, релаксираност и да внесат свежина во секојдневието.

Сивата е ладна, неутрална и безвременска боја. Не предизвикува емоции како останатите, одржува баланс бидејќи претставува тотално спротивни бои – црна и бела. Оваа боја е тивка и резервирана, не стимулира, не дава енергија и не влева возбуда на оној кој ја перцепира. Иако се поврзува со зрелост и одговорност, никогаш  нема да биде центар на внимание или лидер во спектарот на бои, токму поради нејзината неутралност и смиреност.

Се надеваме дека овие информации и насоки ќе ви помогнат во креирањето дизајни за производи кои треба да поттикнат одредена емоција кај купувачите. Ве охрабруваме да експериментирате, да креирате и да уживате во улогата на графички дизајнер.

дизајнер, курс

дизајнер, курс

Овој текст е објавен во категоријата Дизајн и ги содржи следните клучни зборови: дизајнер, графички дизајн, емоции, курс, курс за графички дизајн, Photoshop, Illustrator

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.