Секоја компанија треба да има веб сајт! – Зошто?

Сите се сеќаваме на книгата „1000 зошто, 1000 затоа“. Книгата која во тој период даваше одговор на многу наши прашања. Во дигиталната ера, за било кое прашање, за наша среќа го имаме Google и во категоријата на најчесто поставувани прашања, се наоѓа и: Зошто ми треба веб сајт за мојот бизнис?

Изговори за зошто не ви е потребен веб сајт постојат многу… треба да се ангажира тим да го направи тој веб сајт, па треба да се оддржува, па треба да се ажурира. Многу од компаниите, посебно оние помалите со 2-3 вработени сметаат дека со facebook фан страна, ќе ја заменат користа што им ја носи бизнис веб сајтот.

Дали треба  да имате бизнис веб-сајт, иако вашиот бизнис е мал и продава производи или услуги што сметате дека не може да се продаваат на интернет? Одговорот секогаш е -Да, ако имаш бизнис, треба да имаат веб-сајт.. Без сомнение.

Веб-сајт е основното јадро на онлајн присуство и дигиталната маркетинг стратегија. Професионалниот веб-сајт го опишува бизнисот, обезбедува опис на вработените, како и услуги и производи кои се нудат. Тој нуди информативни супстанци кои може да се пребаруваат на интернет и се навистина достапни од било кој уред кој има интернет конекција. Достапноста на интернет на мобилни и преносни електронски уреди ја зголеми потребата за веб-сајтовите да бидат (mobile friendly) достапни на овие уреди. Така, респонсивните веб-сајтови, мобилни веб-сајтови, а понекогаш и мобилни апликации се важни за онлајн присуство на секој бизнис.


Исто така, во 2016г. веќе секој производ (па и услуга) може да се продава на интернет. 85% од светската популација купува онлајн, од книги, делови за компјутери, до автомобили и недвижен имот, итн… Ако имате нешто на ум, некој сигурно во моментов тоа го продава на интернет.  Сега е вистинско време да бидете сериозни во врска со вашето веб присуство. Се повеќе и повеќе од вашите клиенти се дел од  интернет сферата и преку вашиот сајт можат брзо да стигнат до потребните информации и совети. Во најмала рака со веб сајт, изградете присуство на интернет, така што клиентите, потенцијалните вработени, деловни партнери и можеби дури и инвеститорите можат брзо и лесно да дознаат повеќе за вашиот бизнис и производите или услугите кои ги нудите.

Но, мора да знаете и дека не е доволно да се има “само“ веб-сајт. Мора да имате професионален изглед на сајт, ако сакате да ве сфатат сериозно. Имате една шанса за добар прв впечаток. Со добро дизајниран сајт, вашиот бизнис може да изгради брендинг како и некоја многу поголема компанија.

Можете да кажете дека вашиот бизнис е мал, но кога станува збор за користа од имањето на веб-сајт, големината не е важна. Не важно дали сте еден човек или гигант  со 10.000 вработени, ако немате веб-сајт, губите клиенти на компании кои веќе имаат.

Дознај повеќе на Aкадемијата за програмирање

Related Stories For You