Често се поставува прашањето: Зошто Business Intelligence професионалците се толку важни во денешно време?“

Одговорот на ова прашање е многу едноставен: бидејќи тие користат податоци за да им помогнат на компаниите да донесат точни одлуки базирани на податоци, со цел да го подобрат своето работење и да станат поефикасни.

Business Intelligence аналитичарите користат аналитика на податоци, визуелизација на податоци и техники за моделирање на податоци, за да донесат одлуки засновани на податоци. Со други зборови, тие им помагаат на бизнисите да се потпрат на податоците, да најдат нови можности за подобрување, да ги забележат новите трендови и да ги идентификуваат потенцијалните проблеми.

 

 

5 причини зошто да почнеш да учиш Business Intelligence:

 

1. Многу голема глобална побарувачка за BI професионалци

Во време кога компаниите секојдневно сѐ повеќе се насочуваат кон податоците, побарувачката на BI професионалци е висока како никогаш досега! Компаниите имаат константна побарувачка на квалитетни професионалци кои можат да ги разберат и толкуваат нивните податоци, а тие се потребни веднаш!

Добрата вест е дека Business Intelligence знаењето, како и вештините се релевантни за секоја индустрија, така што без разлика во која индустрија сакате да работите, вашиот сет на вештини секогаш ќе биде релевантен. 

 

2. Кариерни можности во BI светот

Како што веќе прочитавте погоре, доколку сте BI професионалец, тогаш вие сте барани во секоја индустрија. Еве неколку индустрии каде што можете да работите и да ги искористите вашите стекнати знаења и вештини: финансии, здравство, образование, Влада, спортски организации, фармацевтски компании, транспорт, ИТ компании, маркетинг сектор, инженеринг и сл.

Доколку не сте во потрага по full-time работа, тогаш можете да експериментирате со податоците или да креирате многу возбудливи проекти како freelancer-и.

 

3. Податоците веќе се најважниот ресурс во светот

Со популаризацијата на поимот „data driven decisions“, сѐ повеќе компании почнаа да се вртат кон податоците кои ги генерираат на дневна база, подготвени да инвестираат во нивна потемелна обработка. Па, зошто да не им помогнете на бизнисите да ги направат своите операции поиновативни и профитабилни, а воедно и да добиете награда за тоа? Знаете ли дека просечната плата на BI професионалците е 50% поголема од другите ИТ професионалци? 

 

4. Техничка, но и креативна професија

За да се изгради кариера во BI светот, потребно е професионалците кои веќе решиле да се занимаваат со податоци, да бидат самомотивирани, да поседуваат одлични комуникациски вештини и да имаат доза на креативност во претставување на податоците, бидејќи ќе мора своите анализи и наоди да ги претставуваат на јасен и концизен начин на оние со помала експертиза во оваа област.

Па, доколку се решите да ја трансформирате својата кариера во BI областа, можете да работите на следниве работни позиции:

  • Data architect
  • Data analyst
  • Data scientist
  • Machine Learning Engineer
  • Statistician
  • Chief Data Officer (CDO)
  • Chief Technology Officer (CTO)
  • Application Architect
  • Project Manager
  • Market Research Analyst
  • Business Analytics Translator

 

5. Нови предизвици секој ден

Ако припаѓате на групата на луѓе кои уживаат да се справуваат со предизвици на дневно ниво, тогаш улогата во BI светот ќе ви го даде токму она што ви треба. Во светот на податоците, BI професионалците се соочуваат со нови предизвици секој ден и уживаат додека го прават тоа.

Анализирањето на тон информации и нивното разбирање е одлична вежба за ментално стимулирање. Вашиот мозок ќе ви биде благодарен. А, придобивките наведени погоре јасно покажуваат зошто улогите на овој вид професионалци ќе продолжат да се здобиваат со популарност.

 

Доколку сакаш да си дел од Business Intelligence заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

Уписите за следната група на Академијата за Business Intelligence се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!