Пријави се за Automation Testing инструктор во Brainster

Поради зголемениот обем на учесници на нашата Академија за software testing, во потрага сме по искусни професионалци од областа на automated software testing кои ќе го засилат нашиот тим на инструктори.

Со приклучување на нашиот тим ќе станеш дел од најголемата мрежа на инструктори составена од над 150 професионалци од областите на програмирање, data science, маркетинг, графички дизајн, UX/UI.

На Академијата ќе имаш можност да работиш со внимателно селектирани групи на студенти кои се одликуваат со голема посветеност и желба да стекнат вештини кои ќе им ги отворат вратите кон оваа индустрија. Програмата и материјалите се наша грижа, но како инструктор ќе имаш голема автономија во начинот на пренесување на твоето искуство на студентите.

Предавањата се исклучиво во попладневните часови, во работни денови и се одвиваат онлјан, на македонски јазик. Една сесија е во траење од 2 часа. Обемот на часови го договараме заедно согласно нашите потреби и твоите можности.

Саатницата е убедливо најконкурентна на пазарот, а постои можност за проширување на ангажманите и на странските пазари на кои сме присутни од неодамна.

Бараме искусни професионалци од областа на automated testing со одличен трансфер на знаење, со пожелно искуство во едукација на поединци и тимови, кои се подготвени несебично да го споделат своето знаење со идните генерации тестери и да придонесат за унапредување на IT заедницата.

Доколку си заинтересиран да ни се приклучиш, остави ни контакт податоци и линк до твојот Linkedin профил на овој линк, да закажеме средба на која би споделиле повеќе детали за позицијата.

За сите дополнителни прашања пиши ни на [email protected].

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.