Asana – Тимска работа без email – “Стартап алатка #5”

Стартап Алатки #5

“Стартап алатки” е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските иноватори и стартапи со корисни алатки кои можат да ги користат при развивање на нивните производи. Оваа иницијатива е на brainster заедницата

Стартап Алатки #5 Asana

Во услови кога e-mail-овите и состаноците ни го диктираат расположливото време за оперативни “попродуктивни” активности, просто е невозможно да се остане фокусиран а да не се потроши дел од времето “залудно”. Во една студија спроведена од страна на Глобалниот институт McKinsey е утврдено дека “knowledge workers – менаџери, лица за продажба, научници, и др. чија примарна активност е интеракцијата со др. вработени, клиенти и добавувачи и вклучува комплексен процес на донесување на одлуки базиран на знаење и проценка” во просек губат нешто повеќе од 2 и пол часа дневно (2,6 часа дневно поточно) читајки и одговарајки на mail-ови. Ова е еквивалент на 27 работни дена годишно!

Една од алатките која помага во процесот на продуктивност а која истовремено е наречена убиец на e-mail-от е Asana, основана од поранешниот ко-основач на Facebook Dustin Moskovitz и поранешен вработен во Facebook, Justin Rosenstein.

Што претставува Асана?

Asana

Наједноставниот опис што може да и се припише на оваа алатка е дека Asana претставува делумно to-do листа, а делумно и комплексна алатка за колаборација (соработка). Можете да ја користите за проектно менаџирање или за следење на процесот при вработување за одредена работна позиција. Asana-та претставува отворена и флексибилна апликација на начин кој што е исто така својствен за Evernote, што би значело дека како корисници од прва нема да бидете сигурни од каде да започнете. Но штом навлезете во светот на Asana, како и кај Evernote, може да станете што ќе посакате.

Asana-та функционира во облак, и примарниот интерфејс е онлајн. Постои и мобилна апликација, но веб интерфејсот е убедливо подобар и пофункционален. Како алатка, Asana-та е бесплатна за до 15 корисници за колаборација, а понатаму следуваат платените опции од минимум 50$.

Употреба на Асана во бизнисот

Како што може да видите од видеото, Asana ви овозможува да додавате задачи, да ги доделите на некого (вклучувајки ве и вас), да зададете датум на достасување да , ставите забелешки за задачата, како и да додавате следбеници кои ќе го мониторираат извршувањето на задачити или ќе придонесат за нивна побрза реализација.

Секоја од задачите може да има и подзадачи. Сите задачи можат да бидат влечени и ставени на соодветна локација. Исто така, може да додавате section headers во рамките на задачите и да покажете што сакате. Овие section headers претставуваат линии на демаркација, и можат да ви послужат во процесот на поделба на доста големи и/или комплицирани процеси. Повеќе околу тоа како работи Asana-та можете да научите во делот од видео туториалите коишто Asana ги става на располагање.

Некои од генералните употреби на Asana во делот на бизнисот вклучуваат

  • Вработување и следење на апликантот
  • нови обука на вработените и листа за проверка за да започнете во компанијата
  • Проект менаџмент
  • Управување со работниот тек

Убавината на ваквите алатки е во тоа што можат и те како да ви го олеснат начинот на функционирање, доколку правилно се изгради организациска култура околу нивната примена, и се остави на вработените да ја искористат нивната креативност.

Бидете креативни. Бидете различни. Бидете brainster

 

Среќно

brainster.co заедницата

Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.

Related Stories For You