Нема подобар период од овој за стекнување нови знаења

Студентите на Академијата за Software testing се можеби „најразмрданата“ група студенти во Brainster во моментов. Максимално инспирирани, активни и желни за нови знаења, многу брзо кликнаа меѓусебно, па нивните групи на Slack се чисто уживање за следење. Разменуваат знаења и совети, си помагаат и се надополнуваат. Според нашето искуство, тоа е гаранција за успех и најбрз пат до нова кариера. Затоа сакавме оваа заразна инспиративност да ја споделиме со сите вас во серија приказни за нив.

Зборувавме со Антонио, аикидо мастер и магистер по земјоделски науки и храна, на отсекот почва и вода, сега студент на Академијата за software testing и еден од најактивните студенти во група

Тони, за почеток, да те запознаат нашите читатели подобро, кажи ни нешто за себе?

Здраво на сите. Јас сум Антонио Момироски. Имам 34 години. Роден сум во Скопје. Средно училиште завршив во Ѓорги Димитров – општа гиманзија. Студентските денови ги продолжив на факултетот за земјоделски науки и храна на отсекот заштита на почва и вода. Патот некако спонтано ме водеше во таа насока па продолжив и на постдипломски студии – Микробилогија на почва на вода. Животот ми ги отвораше тие да речам научни врати каде полека полека навлегував. Спортот е другата страна на паричката кадешто 15 години активно тренирам Реален Аикидо и од секогаш сум наоѓал време и баланс помеѓу кариера и спорт, кој во мојов случај е и плус кариера и работа.

Каков беше твојот кариерен пат до моментот на запишување на Академијата? Што беше она што те натера да ја избереш токму оваа дисциплина и токму оваа Академија?

Како што напоменав вратите полека се отвораа во таа научна насока. Веднаш после 6 месеци откако магистрирав се пријавив на оглас на Универзитетот „Гоце Делчев“ на место асистент. Влегов и почна таа професорска и научна кариера. Кариера со студенти, истражувања, пишувања. Времето одминуваше, но јас некако не се осеќав исполнето. Тоа што сум мислел дека го барам во таа насока, очигледно не ме исполнувало.

Истовремено, длабоко во себе од секогаш ги имам сакано компјутерите и тој ИТ свет. Иако имав многу размислувано на таа тема, некои коцки едноставно не се поклопуваа. Многу главоболка ми задаваше тоа што од една страна ради целата ситуација во државата, не беше лесно да се дојде до работа, без разлика на образованиетo, а од друга страна лесно може да се случи човек полека да се загуби во време и простор, не знаејќи која насока да ја фати. Меѓутоа, како што се вели, после дождот доаѓа сонце. Некогаш работите во животот се местат толку убаво и спонтано, без силење.

Еден ден, еден ден другар од средно ме вика на кафе и ме прашуваше за мојата ситуација. Му одговорив со стандардното„кај и да е брат ќе биде“.  А тој на тоа ми одговори: „Знаеш и сам во каква ситуација е целото општество. Зошто не смениш кариера, зошто не се прешалташ во ИТ светот. Те бива за компјутери, знаеш јазик. Другото а е само желба и упорност.“ Ми објасни во детали се за software testing како кариера и тоа многу ме заинтересира. Дојдов дома и во рок од 3 минути после разгледување на страната на Brainster се одлучив за QA и веднаш се пријавив.

Какво е искуството на Академијата до сега. Како напредувате низ материјалот и каква е атмосферата.

Кога некаде влегуваш и кога ќе сретнеш толку насмеани лица, културни фаци, со свест на едно повисоко ниво, одма знаеш дека овде ќе владее одлична атмосфера, опуштена, пријателски настроена, без негативна енергија. Уште од самиот мој прв чекор внатре во просториите на Brainster, го осетив она што ми фалеше според мојот карактер и воспитување. Е сега, да се навратиме кон науката и луѓето кои тоа нас ни го пренесуваат. Имате класа професори и асистенти кои се секогаш полни позитивна енергија, кои се секогаш расположени и кои 24/7 ни стојат на располагање за било што поврзано со материјал и часови. Здраво потковани и секогаш стрпливи да одговорат на сите наши логичнни и помалку логични прашања. Од тука доаѓа и тоа дека напредокот со материјалот оди прецизно како атомски часовник благодарејќи на вашиот стручен тим.

Поради вонредните услови, сите Академии на Brainster се префрлија во виртуелна училница. Сподели ги твоите впечатоци од виртуелната училница, за сите оние кои се мислат дали да го искористат периодов за учење нови вештини?

Па нема подобар период од овој за стекнување нови знаења.  До секој од нас лично зависи како ќе го поминеме периодот. Драгоценото време кое сега ни е на тацна дадено треба убаво и рационално да се искористи. Време има и за филмови и за серии и за гејмање и за јадење и за спиење и за учење. Што се однесува до виртуелната училница, искрено од прво сметав дека нема да биде исто како во реална училница, но мора да си ги вратам зборовите назад Дури излезе и мноогу подобро за овој дел од академијата, каде нејаснотиите на еден ги гледаат сите и учењето е многу позабавно и полесно. Само се бара културно однесување а другото си влегува во глава само по себе. Тоа може и да се види по нашите домашни и работа на час, колку е успешна оваа метода на виртуелна училница. Видете, во секоја ситуација да се најде позитивното и убавината. Само така убаво ќе си поминеме во животот.  

Ти си пример за личност која без претходно искуство во ИТ индустријата, успешно се вклопуваш во следењето на наставата и решавањето на сите предизвици кои од тебе се бараат. Кои се вештините и карактеристиките штотреба да ги поседуваш за да си сигурен дека би можел да го совладаш материјалот без разлика што немаш претходно искуство?

Моето претходно ИТ искуство беше сведено на маалски мајстор на компјутери и основните апликации кои секој ги знае. Меѓутоа најбитно од се е да човек го САКА тоа што го работи. Да го осети во себе внатре. Да се слуша сам и неговото внатрешно јас. Не некој од надвор што ќе му каже. Љубовта кон тоа што се работи ги отвора и најтешките врати. Со голем ентузијазам треба да се излезе од комфорниот круг и да се туркаме самите себеси кон нови предизвици и константно да се надградуваме и учиме нови работи. Тоа е убавината на животот.

Што би им порачал на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

Размислувањето е убаво, но не да трае вечност. Ставете си цел, движете се кон неа. Доколку го осеќате тоа од внатре, терајте. Без страв, без сомнеж во себе дали можете. Можете да направите се што ќе посакате, а животот ќе ве пренасочи автоматски на поубави патеки. Работете си ја работата со љубов, ќе бидете среќни вие и сите околу вас. 

 

Уписите на Академијата за software testing се во тек. Следните групи започнуваат на 15-ти мај, а останати се уште 4 слободни места. Резервирај го твоето уште денес.

Related Stories For You