Анастасија Давиткова инструктор на Академијата за програмирање, дел од Brainster заедницата, сака да експериментира со храна и готвење. Но, секогаш цели кон извонредност. Во месец на инструктори зборува што претставува за неа Brainster, формална VS неформална едукација и за се она кое смета дека е клучно за кариерна промена или старт на студентите.
Поминаа 5 генерации студенти во Brainster на кои им предавав. Она кое можам да го тврдам е дека се учи многу, се учи брзо, се учи доволно. Под доволно мислам на тоа што не се учат работи кои не се бараат на пазарот, кои во многу едукативни процеси останале во програмата од било какви причини. Неформалното образование многу лесно може да се прилагоди на потребите на пазарот и цело време да продуцира релевантни кадри. Студентот е во самиот фокус во текот на целото патување. Тоа ретко, речиси никогаш не е случај во установите кои изведуваат формална настава.
Затоа сум убедена дека ваквиот тип на учење е можеби иднината на учењето. Бројот на успешни приказни како и бројот на новозапишани студенти на секоја следна академија е доказ за истото. На работа веќе имам колеги кои до пред неколку месеци ми беа студенти.
Никогаш не е доцна да се почне со нешто ново кое може да донесе само добро.
Кариерата и дипломата не мора секогаш да се совпаѓаат.
Од различни причини луѓето завршуваат на погрешно за нив работно место или со погрешно образование. За да се посветиш на нова кариера, нов старт, потребно е само волја и желба за пренасочување кон новата кариера.
Интелигентите луѓе секогаш го наоѓаат правиот пат без разлика на нивните минати постапки.
За да бидеш успешен во светот на програмирање и развој на софтвер несомнено мораш да инвестираш во сопственото знаење секојдневно.
Мојата работна филозофија која сакам да ја пренесам на час е “careful risk-management”. А она кое лично како вредност сакам да им го пренесам на студeнтите е дека трудот и трпеливоста секогаш се исплатат.
Ако сакаш да учиш програмирање од Анастасија, резервирај си место на Академијата тука!