Игор Ќетковиќ е еден од оние луѓе кои уште во средно знаеле дека програмирањето е дефинитивно нешто со што ќе се занимаваат во иднина. Иако моментално студира Примена на информациски технологии на ФИНКИ, тој реши да се запише на Академија за програмирање во Brainster за да се пренасочи кон web development.

Како еден од најдобрите студенти на Академијата, уште пред да ја заврши, се вработи во doxTeam еден од нашите learning и hiring партнери. Она што најмногу го мотивира во моментов е фактот дека работи нешто што навистина го сака и дека работи на интересни проекти со луѓе кои ја делат неговата пасија кон програмирањето.

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Доколку размислуваш за слична кариера целата програма и сите детали за Академијата можеш да ги прнајдеш тука.

Игор, не е невообичаено твои колеги од факултетот да се запишуваат на академиите во Brainster. Зошто се реши ти на ваков чекор?

Академијата за програмирање во Brainster поточно академијата за full stack development ми се виде како идеална отскочна даска за мојата кариера како web developer. Амбицијата и интересот кон програмирањето беа ми главни придвижувачи во започнување нова кариера. Фактот дека цело време работиме на реални проекти во услови слични на работење во било која компанија беше пресуден да се запишам токму тука. Сакав што побрзо да почнам да работам како програмер и ова беше токму чекорот кој требаше да го направам.

Кои ти беа најголеми предизвици на Академијата а што ти остави најпозитивен впечаток?

Голем предизвици беа наоѓање доволно време за вежбање и учење на материјалот како и прилагодување кон работење во тим и работење на големи проекти. Но знаењето дека цел труд ќе се исплати ме водеше да продолжам напред.

Она што секогаш го издвојувам како најпозитивно е дефинитивно работење на реални проекти и во реални услови со рокови. Иако на почеток беше доста стресно и напорно сепак за кратко време почнав да се снаоѓам. Исто така, од голема помош беа и вежбите кои ги имавме секој викенд заедно со асистентите. Знаевме буквално цел ден да го поминеме во Brainster обидувајќи се да ги решиме задачите и да пронајдеме нови, поефикасни решенија за одредени проблеми.

Сега веќе работам во doxTeam fulltime и можам да кажам дека самодовербата и знаењето кои ги стекнав на Академијата доста ми помогнаа во моите први конкретни работни задачи.

Доста голем број од луѓето сметаат дека програмер треба да биде одличен математичар, да има математичко-аналитички ум. Исто така сметаат дека за да запишат една ваква Академија мораат да имаат некакво предзнаење кога се работи за програмирање. Кое е твоето мислење за ова?

Никогаш не сум бил јак математичар, а добар дел од програмерското предзнаење го имав стекнато преку online туторијали, така да не верувам дека е неопходно да се има некаков математичко/аналитичен ум за било кој да се внесе во програмерската професија.

Основите на програмирањето кои ги стекнав во средно школо беа добра платформа за подоцна да се пренасочам кон web development. Предзнаењето што го стекнав беше голема олеснителна околност за брзо да се вклопам во програмата. Но на крај од денот, сè зависи од тоа колку ќе се вложите во нешто и колку време ќе му посветите.

Што најмногу ти се допаѓа на новото работно место и дали имаш некој совет за луѓе кои се размислуваат да започнат кариера во програмирање?

Најмногу ми се допаѓа работа на интересни и функционални проекти како и работењето со млади, амбициозни луѓе. Дефинитивно не би ја менувал професијата за некоја друга.
Мој совет до сите што сакаат да се запишат на Академија во Brainster заради започнување или промена на кариера е да останат истрајни во нивната намера и да не се откажуваат затоа што знаењето и вештините стекнати на академиите се сосема доволни за почеток на кариера. А доколку е тоа кариера која ја посакуваат, тогаш навистина вреди да се вложи време и напор, бидејќи нема ништо подобро од тоа да работите нешто што навистина го сакате.

 

Доколку размислуваш за промена или започнување на нова кариера, разгледај ги програмите на нашите академии: Академија за програмирање, Академија за Data Science, Академија за дигитален маркетинг и Академија за дизајн. Уписите се во тек.