Изминативе Академии за програмирање: изработивме неколку реални апликации и проекти, решивме над сто предизвици и стигнавме до нови и свежи решенија за многу успешно реализирани идеи во иднина.
По завршувањето на Академијата за програмирање од тука излегоа web и front-end програмери – спремни за нова дигитална кариера. Да се потсетиме на дел од нашите успешни приказни:
Раде Гичев – веќе по два месеци поминати на Академијата за Front-end програмирање, Раде работеше на front-end проекти во Brainster, а веќе по завршувањето стана дел од тимот на Loopify.
Ивица Ѓорѓиевски – full stack web developer кој работи на предизвикувачки и интересни проекти како дел од тимот на Embed Social.
Благица Божиноска – економист што знае да кодира. Освен што е асистент на Академијата за програмирање, паралелно работи web development во софтверска компанија.
Кристијан Бобевски – по завршувањето на Академијата започна со работа како front-end developer во Steets.
Ивaна Талеска – Од креирање графички решенија и развивање стратегии и пораки кои стојат позади нив до создавање целосни web решенија како дел од front-end development тимот во дигиталната агенција Бизнис Каталог.
Костадин Кочовски – Никогаш не е доцна за промена на кариера! Од студии по археологија, заврши на Академијата за програмирање во Brainster и сега е full-stack developer во Further.
Александар Тенев – искуството стекнато на Академијата за програмирање го продолжи како дел од тимот програмери во дигиталната агенција Pixel.
Благица Стојановска – уште еден Асистент на Академијата за front-end development, која работи на front-end делот на web страни, за холандската компанија Steets.
Ангела Угриновска – електроинеженер – full stack програмер. Ангела својата успешна приказна ја продолжи во Ротердам како дел од софтверската компанија Youwe.
Коста Печевски – од професија како проектен координатор во невладиниот сектор, до вработен како Web developer во Le Foog без претходно искуство.
Бранко Петковски – „Почнете веднаш, решавајте проблеми, поставувајте прашања“. После 6 месеци Академија за програмирање, Бране се вработи во DoxТeam.
Продолжуваме со креирање успешни приказни и во 2019та!
Уписите за Академијата за програмирање е во тек. Види програма тука: