Третата успешна приказна која ја споделуваме со вас е за Александар Трајковски, кој по 20 недели интензивно учење и работа има #НоваКариера како програмер.
Без разлика дали си маркетер, студент, професор или претприемач, Brainster & Codepreneurs Академијата за програмирање е во потрага по неуморни индивидуи кои ја бараат секоја шанса за професионално надградување, подготвени да напредуваат во интензивна средина за учење, и се разбира, кои сакаат да програмираат. Целта е 100% од учесниците да се вработат како програмери во IT компании или да започнат свој стартап не подоцна од 6 месеци по дипломирањето.
Зошто се пријави на Codepreneurs Академијата за програмирање?
Покрај желбата за промена на мојата кариера, пред академијата имав основни познавања од концептот на програмирање и академијата ја видов како шанса да ги надградам истите.
Со што се занимаваше пред да станеш програмер?
Пред да станам програмер работев во осигурителна компанија како агент за продажба на осигурување.
Кој ти беше најголемиот предизвик за совладување?
Паа… Имав потешкотии со општиот концепт на програмирање но со огромната поддршка од предавачите на академијата лесно го совладав[wp-svg-icons icon=”smiley” wrap=”i”]
Што ти се допадна најмногу а што најмалку?
Одлична организација, интерактивни предавања, огромна поддршка од предавачите, а искрено… Нема некоја работа што ми доаѓа на памет и не ми се допадна на академијата[wp-svg-icons icon=”smiley” wrap=”i”]
Како го примени стекнатото знаење за напредок во твојата кариера?
Стекнатото знаење од академијата ми помогна лесно да ја остварам мојата прва цел, промена на кариерата. Исто така доволно научив за да почнам да работам како app-developer во софтверската компанија Platin Gaming и да бидам асистент на новата група од Академијата за програмирање. [wp-svg-icons icon=”smiley” wrap=”i”]
Што би ги советувал/а оние кои не ја следат својата кариера од соништата?
Мислам дека треба да размислат за остварување на своите соништа бидејки никогаш не е доцна за промена на кариерата.
Што би бил ако не си програмер?
Па можеби би работел како маркетинг менаџер но не сум баш сигурен [wp-svg-icons icon=”smiley” wrap=”i”]