Чест ни е да споделиме уште една успешна приказна на нашиот Александар Јаневски кој заврши на Академија за програмирање.

Без разлика дали си маркетер, студент, професор или претприемач, Brainster & Codepreneurs академијата за програмирање е во потрага по неуморни индивидуи кои ја бараат секоја шанса за професионално надградување, подготвени да напредуваат во интензивна средина за учење, и се разбира, кои сакаат да програмираат.

Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја целосната програма тука.

 

Алек, зошто се пријави на Академијата за програмирање?

Академијата ја видов како одлична шанса за промена и напредок во кариерата. Веќе подолго време бев самоук, учев од туторијали, онлајн академии и слично. Codepreneurs се појави во вистинското време како шанса за да учам и работам на вистински проекти и со луѓе кои што се навистина професионалци во својата работа.

Со што се занимаваше пред да станеш програмер?

Пред да започнам да се занимавам со програмирање, работев како social media manager за компанија во Скопје и outsourcing за компании од Англија и Шпанија.

Што ти беше најголемиот предизвик за совладување?

Најголемиот предизвик за мене беше back-end делот. Сѐ беше одлично додека не дојде време да учиме back-end т.е php & laravel 🙂 Поради тоа што претходно немав и некое големо познавање за разлика од front-end делот, ми беше навистина предизвик за совладување. Тоа го направи поинтересно учењето и ми даде поголема желба за да продолжам понатаму.

Што ти се допадна најмногу, а што најмалку?

Најмногу ми се допадна интерактивната работа во академијата и посветеноста на предавачите, а со тоа доаѓа и знаењето. Има доволно добри луѓе кои што ќе излезат од оваа академија со добра основа и со капацитет за понатамошно надградување. По ова, на второ место ми е казната за ненаправена домашна задача, а тоа е да донесеш колачи или крембанани за целиот тим 🙂

Околу работите што не ми се допаѓаат (можеби сега ова ќе звучи ептен клише), но навистина ги нема барем сега за сега. Како за прва академија сè е одлично организирано, одлична комуникација помеѓу предавачите и студентите. Одлично пренесено знаење и едноставно не постои простор за незадоволство. Keep it going Codepreneurs!

Како го примени стекнатото знаење за напредок во твојата кариера?

Стекнатото знаење од академијата како и што спомнав во претходното прашање, ми даде одлична основа и насоки за понатамошен развој на тоа поле. Ова е одличен старт за нова кариера. Знаењето од академијата ми овозможи да си го исполнам сонот да работам како програмер. Сега сум вработен во една од најдобрите софтверски компании The Bright Box .

Што би бил ако не си програмер?

Би бил велосипедски курир. Па сериозно, те плаќаат да возиш велосипед, има ли нешто поубаво? 🙂 Се шегувам! Мислам дека би се занимавал со дигитален маркетинг која што е уште една од моите пасии поврзана со IT светот и сè уште си ја негувам.

Се гордееме со постигнатиот успех и со нетрпение ја очекуваме новата Codepreneurs академија!

 

Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја програмата тука.