Евгенија Поповска од Академијата за дигитален маркетинг

После модулот за продажба решивме да поразговараме со Евгенија Поповска, учесник на Академијата за дигитален маркетинг. Евгенија веќе подолго време работи во продажниот сектор, па ја прашавме за поврзаноста на продажбата со маркетингот и кои практични вештини ги стекна на Академијата.

Уписите за Академијата за маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.

 

Кажи ни кој е патот кој те доведе до дигитален маркетинг?

Како студент на економски факултет во Прилеп, насока маркетинг и менаџмент научив теоретски што значи тоа традиционален маркетинг. Онака, по дефиниција. Но, со работата во продажба скоро 2 години, видов дека е многу повеќе од тоа. На Академијата за маркетинг, се запишав бидејќи сметам дека баш маркетингот е област за која постојано треба да се учи.

Најголемата причина поради која си на Академијата е недостатокот од практични вештини. Кажи ни како ќе ги искористиш вештините кои ги стекна тука во твојата понатамошна кариера?

Најголемата причина покрај вештините, е и креативноста која знаев дека ја имам, само не знаев каде и како да ја применам. Со професорите од Академијата видов дека можам многу повеќе. Ги обожавав часовите за Unpaid social media, алатките Canva и Crello ми се во топ 5. Исто, Customer segmentation модулот премногу ми помогна, и во работата и на академијата.

Кој дел од дигиталниот маркетинг го гледаш како најголем предизвик?

Уфф.. мислам дека сѐ треба да биде предизвик ако веќе сме се решиле да бидеме маркетери, нели? 🙂 Ако во секоја област си најдеме по некој hook, ќе ни претставува задоволство додека работиме. Предизвик за мене на академијата, пишувањето блогови. За човек што нема никакво искуство во пишување, мислам дека добро се снаоѓам.. Но, секогаш може подобро.

Која е Евгенија од денес па за 5 години? Како се гледаш во иднина?

Верувам дека ќе имам многу можности да го применам тоа што го научив досега. И покрај тоа што сѐ уште со резерва приоѓам на големи предизвици, за 5 години од сега сигурна сум дека ќе водам свои успешни маркетинг кампањи. I promise! 🙂

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.