Драгица Додевска од Inbox – учесник на неделата од Академијата за маркетинг

Филолог по професија, што многу успешно владее дигитален маркетинг и веќе има изградено успешна кариера. Ја знаеме како Драгица од Inbox, која на работното место успеа да ги искористи сите алатки и дигитални вештини кои ги стекна на Академијата за маркетинг во Braister.

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види програма тука. 

Која е Драгица, и од каде се роди идејата за кариера во дигитален маркетиг?

Кога би требало да кажам нешто за себе, во што сум добра или не сум, за некои работи можеби и ќе утнам. Но во една работа сум 100 посто сигурна. Тоа е дека ме бива со зборови. Отсекогаш. Напиши наслов, ќе добиеш приказна од мене. Толку е едноставно тоа што јас го можам кога станува збор за креативно, содржинско пишување.  Иако во Инбох скоро 6 години работев во делот проект и продукт менаџмент, секогаш имав мал удел во маркетинг, поточно content маркетинг – во фаза кога немавме in-house сервис. Можноста да ја искористам мојата способност за создавање на содржини во маркетинг смисла беше полн погодок за мене. Започнувањето на новата позиција беше невиден предизвик. Што се случи уште првиот месец на работа? Целата напишана содржина немаше поента, без изнаоѓање на најсоодветните канали за комуникација, начин како да се пренесе истата, кому да ја пренесам. Се соочив со еден цел нов и прилично непознат свет. И тогаш видов објава за Академијата за Дигитален маркетинг во Brainster. И еве ме тука 🙂 .

Работиш како менаџер за маркетинг во Inbox, и до сега успеа да имплементираш во твојата работа, се што научи на програмата за дигитален маркетинг. Кои се можностите на алатките со кои се запозна на Академијата и практичните вештини кои ги стекна тука?

Ќе почнам со Facebook. Мислев дека знам доволно за Facebook. Колку само не знаев. Надвор од стандардните објави на една фб фан страна, адвертајзинот на facebook e една цела наука која вклучува – креирање на кампањи за соодветна таргет публика, создавање ТАРГЕТ публика, одбирање на соодветна цел, правење A/B тестирања за најдобрата варијанта на одреден визуал или текст, управување со лимитиран буџет. Сето ова беше предизвик кој го совладав благодарение на Академијата. Многу е полесно да научиш преку работа на реални проекти.
Потоа, Google Ads – анализи, планирања, буџетирање, очекувања. Првпат кога отворив Google Adwords имав чувство дека гледам во некој сметководствен програм, со сите тие бројки и графикони. На Академијата, после два завршени предизвика за Google Ads, се беше појасно и полесно, за примена во мојата компанија.
Не можам да го изоставам делот за маил маркетинг. Ова ми беше еден од најкомплексните модули и ми беше мило што предизвикот го работев за мојата компанија. Создадов маил стратегија – со алатките MailChimp и Mailerlite – и за првпат започнавме e-mail кампања во Инбох. За почеток, имаме супер feedback.
Помеѓу другите, ќе го издвојам и модулот за SEO – неизоставен дел од било која маркетинг стратегија, во контекст добро познатата фраза – Google only loves you, when everyoone else loves you first. Наспроти стекнатите вештини и применетите алатки, им благодарам на сите ментори од Академијата за дигитален маркетинг што толку несебично ги споделија нивните искуства, знаења и предизвици со кои се соочиле во текот на нивната работа.

Имаше најдобра презентација, најдобар текст и одлична обработка на Case Study за MailChimp. Покрај тоа што content writing e нешто во кое без сомение си најдобра, дали постои некоја друг дел од дигиталниот маркетинг кој ти е омилен?

Side – projects. За одредени индустрии, вклучувајќи ја и индустријата за која работам, маркетинг комуникацијата со публиката не е едноставна и лесна. Некогаш е потребно да се избега од стандардната комуникација и да се зборува за нешто сосема различно, но со позадинска цел – како да се сврти вниманието на публиката кон компанијата во правилниот момент. Brainster е пример за многу успешни side проекти – и беше големо искуство да се учи од реални примери. Со насоки од некои од менторите од Академијата за Инбох создадов три side-projects кои ќе бидат реализирани во блиска иднина и очекувам солидни резултати.

Што е клучно за успехот и напредокот на работното место како дигитален маркетер? Што е она што би им препорачала на сите кои сакаат да сменат кариера?

На сите кои сакаат да работат Дигитален Маркетинг – многу, многу, многу ќе читате. Многу мора да читате, секојдневно да истражувате, постојано да учите. Дигиталниот свет се менува постојано и да се биде во чекор со него, мора интензивно да се следи. Но не е воопшто комплицирано и тоа што можам да го потврдам со 100% сигурност е дека никогаш нема да ви биде напорно и досадно, поготово ако се пронајдете како дел од дигиталниот маркетинг. Јас, морам да признаам – како што кажав ми беше предизвик да работам дигитален маркетинг – но после Академијата, сум апсолутно фасцинирана од можностите кои истиот ги нуди.

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види програма тука. 

Related Stories For You