Не можеме да ги читаме приказните на нашите учесници а да не сме насмеани од 6ка до 6ка. Овој пат ја споделуваме приказната на Моника Габерова која помина низ Академијата за маркетинг во Brainster и се вработи во EXAI Ltd.
Ти посакуваме да оствариш сè што ќе замислиш и да продолжиш да бидеш добар пример за новата група!
Уписите се во тек – види програма тука.
1. Кажи ни нешто за себе:)
Јас сум Моника и сум претприемач во срце, а наскоро и во надворешниот свет. Инаку сум дипломиран економист, на смер е-бизнис. Покрај тоа што често тотално се внесувам во создавање на некоја нова бизнис идеја, се занимавам со планинарење и други outdoor активности, кратки викенд-патувања во странство и возам мотор. Го гледам Скопје како град гладен за нови идеи и стартапи кои со мало прилагодување на условите би постигнале многу, токму затоа и го сакам!
2. Како заврши во Brainster, зошто реши да започнеш нова кариера?
По завршување на додипломските студии, бев сигурна дека никогаш нема да се вратам на формално образование. И се појави Brainster како џокер! Поддржувам и се радувам на стартапи, а активностите на Brainster уште од самиот почеток ми го задржаа вниманието со одличната промоција и организација на неформалното образование. Среќа моја што ја видов апликацијата за Академијата за маркетинг последниот ден пред истекот. А знаев дека следи нов почеток кога добив повик дека сум примена.
3. Опиши го на кратко искуството на Академијата за Маркетинг!
Одлуката да сум дел од Академијата за маркетинг си ја прогласувам за одлука на 2017. Покрај прилично напорните 3 месеци на едукација, знаењето и искуството кое го стекнав е непроценливо за мене. Не само што научив многу теоретски и практично за маркетинг и бизнис, туку можам да кажам и дека ми се случи целосна промена на мајндсет, ми се родија нови идеи и се инспирирав од секој нов предавач со кој се сретнавме во текот на часовите. Имавме можност да видиме како функционира маркетингот на глобален пазар, да направиме споредба со македонски пазар, да ги увидиме разликите во маркетинг кај корпорации и стартапи и да научиме како да ги прилагодиме најновите техники на она на кое што работиме во моментот.
4. Што ти се допадна најмногу?
Динамиката на учењето и практичната работа. Исто така, како први marketpreneurs веќе почнавме да соработуваме и да се поддржуваме со колегите од Академијата, што е од огромна важност со оглед на тоа дека нема многу млади маркетери со ова ниво на стекнато знаење.
5. И, што понатаму? 🙂
Во најблиска иднина ќе работам во маркетинг до Marketing Ninja Level. Во малку подалечна иднина се подготвувам да основам свој стартап. А размислувам понатаму да се запишам и на академијата за кодирање. Мислам дека ќе ми треба 🙂
Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.
Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг