Успешна приказна на Костадин Кочоски – Никогаш не е доцна за промена на кариера

Костадин е уште една успешна приказна за почетник во програмирање, кој прераснал во успешен програмер. Од студии по археологија, заврши на Академијата за програмирање  во Brainster и сега е full-stack web developer во Further.

Неговиот совет е – треба да се верува во себе и неуморно да се посветиш на технологијата.

Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја целосната програма тука.

1. Здраво Коки, претстави ни се на кратко. Кој беше Коста пред да биде дел од Академијата за програмирање во Brainster?

Здраво! Јас сум Костадин Кочоски, Full stack web developer во Further. Пред Aкадемијата студирав археологија и работев во неколку кафулиња во Скопје. Постојано бев во потрага по нови предизвици, но и нова работа која ќе биде динамична, но воедно и ќе ме исполнува, работа со која ќе можам да си го олеснам сопствениот живот и ќе функционирам без стрес и препреки, бидејќи сите го знаеме нашиот начин и темпо на живеење сѐ е брзо и динамично.

2. За Коста знаеме дека беше еден од најдобрите учесници на Академијата, а кој претходно немаше искуство со програмирање. Што е она што те натера да започнеш Tech кариера?

Првенствено треба многу да веруваш во себе и своите способности и да чекориш по патот на знењето, за да го стигнеш успехот. Како и целата моја генерација така и јас израснав со почетоците на видео игрите и компјутерите, па така се роди љубовта кон интернет технологијата. Тргнувајќи од самиот себе, секојдневно сите информации што ми требаат ги пребарувам на интернет (сигурно сите го правиме ова), технологијата сѐ на сѐ ни го олеснува животот, но мене ме интересираше подетално да се запознаам со неа. Со повеќе внимание и заинтересираност стигнав до некое ниво, но сепак се може и повеќе и секако нема да застанам тука.

3. Кој е твојот совет до сите кои сакаат да учат и да се занимаваат со програмирање?

Никогаш не е доцна за carrier change. Само треба да имаат желба за учење и истражување. Сепак програмирањето е област која што се менува и постојано, секојдневно се сретнуваме со нови проблеми и предизвици. Па така сите што сакаат да се занимаваат со програмирање треба да бидат спремни за постојано истражување и учење на нови работи. Секој ден се повеќе излегуваат новитети за задоволување на секои апетити. Што повеќе се посветиш на проблематиката тоа побрзо ќе те издигне со успех и знаење. И пак ке повторам, треба да се верува во себе и неуморно да се посветиш на технологијата.

 

Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја програмата тука.

Related Stories For You