Уште еден графички дизајнер на пат да стане успешен програмер. Димитар Стојменовски од Академијата за Frontend програмирање, заслужено е програмер на неделата. Го прашавме за неговото досегашно искуство на Академијата, и кој е патот кој го донесе до нова кариера како програмер. 

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види ја програмата тука. 

Кажи ни кој е Димитар и со што се занимаваше пред да започеш да учиш програмирање?

Здраво дечки, пред Академијата работев како графички дизајнер во advertising компании, исто така работев и како freelancer. Се занимавав неколку години со глума и бев дел од авангарден театар, и дел од времето и фотографирав. Јас сум некој кој се гледа себеси како динамичен, љубопитен и како некој кој е гладен за предизвици и знаење. Дипломирав индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје, а со покрај тоа ддоста ме привлекуваат новитетите во технологијата и дизајнот.

Како успеваш да се справиш со сите предизвици на Академијата. Дали има некој дел во кој најдобро се снаоѓаш?

Сметам дека дисциплината ми е најдобриот пријател во програмирањето, потоа љубопитност и желбата за експерементирање, а преку експериментирањето до нови и интересни решенија. Исто така луѓето од Brainster ми се од огромна помош, бидејќи безрезервно ми помагаат во секое време и ме туркаат да станам подобар. Се пронајдов себеси во UX дизајнот и сметам дека таму најдобро се снаоѓам.

На какви проекти би сакал да работиш во иднина?

Секаков тип на проекти се добродојдени, но доколку би имал шанса да работам на проекти кои го подобруваат и помагаат во животот на луѓето, ја подобруваат и помагаат на животната средина и на сите други во неа, би ми било повеќе од задоволство.

Што би им порачал на сите кои сакаат да учат програмирање?

Првенствено да си постават цел и да си одговарат на прашањето “Зошто?”.
Зошто го правам нештото кое го правам? Откако ќе си поставиме цел потоа се’ е по едноставно. Како што спомнав претходно дисциплината ти е најдобриот пријател. Од аспект на работа, вежба, чист код итн. Една од работите која ме турка напред е човек со име Philippe Petit, тој е човекот кој одејќи по жица ги поминал близначките кули на World Trade Center. Се надевам дека и на останатите ќе им биде инспирација за успех во работата и животот, затоа што ако тој можел да го измине тој пат на таа височина тогаш можеме и ние. Затоа ке оставам еден од неговите quotes:
I focus, I invent, I transform, I challenge, I attempt, I observe, I perform.
И нормално не заборавајте попатно да се забавувате.

 

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види ја програмата тука. 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.