Во моментов се соочуваме со огромна разлика помеѓу вештините кои ги знаат луѓето и оние кои им се потребни на компаниите.
Огромна разлика која постојано расте. Конвенционалните провајдери за вештини не успеваат да им ги дадат вештините кои се потребни и барани од компаниите. За да ги задоволиме потребите на компаниите и индивидуалците кои сакаат да се дообучат ја организираме 8 неделната Aкадемија за дигитален маркетинг која започнува на 7ми мај.
Дали знаеш работи како Lead Generation, A/B тестирање, Gamification, Growth Hacking, Side Project Marketing, Conversion Rate Optimization, UX, Marketing Automation, Funnel Marketing, SEO, SEM, Digital PR, Social Media Advertising? Тоа е само почеток на долгата листа на вештини кои се потребни сега во моментов, а ќе бидат уште порелевантни во блиска иднина.
Што претставува оваа интензивна академија за Дигитален Маркетинг?
Во претходните 3 години спроведовме 20+ академии на кои успешно се обучија 350+ учесници. Во новата програма која започнува на 7ми Mај ги претвораме талентите како тебе во дигитални маркетери во рок од 8 недели.
Можеме само да ти ветиме дека ќе научиш повеќе за дигиталниот маркетинг во овие 8 недели отколку во целиот твој живот.
- 8 недели брзо, практично и релевантно знаење споделено од искусни професионалци,
- Ќе учиш преку практични примери на теми како: Facebook ads, Google ads, SEO, Google Analytics, Email Marketing, Gamification, Landing Pages, Growth Hacking итн.
- Ќе научиш преку работа на реални проекти со едни од најискусните маркетери во Македонија,
- Ќе научиш за 20+ алатки кои ќе ги користиш за реализација на твоите идни кампањи,
- Ќе добиеш пристап до ексклузивна Slack заедница каде ќе добиваш корисни совети, новости и алатки до крајот на твојата кариера,
- Ќе научиш вештини кои се барани во овој момент од компаниите.
Научи Дигитален Маркетинг и биди во конкурентска предност пред останатите. Ако мислиш дека ние имаме сѐ што ти треба, аплицирај на академијата до 5ти Мај.