Љубица Шопова – дигиталниот маркетинг е простор за креативно изразување

Уште една кариерна трансформација во процес. Од магистер по бихејвиористичка психологија до дигитален маркетер. Ја прашавме Љубица од Академијата за маркетинг како го користи дигиталниот простор за креативно изразување и  креирање релевантни содржини кои носат резултати.

 

Уписите за Академијата за маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.

Kога станува збор за совршено добро изразување, таа дискусија целосно и припаѓа на Љубица. Што се крие позади тоа, која е Бубе?

Бубе моментално е посветен студент на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster, freelance администратор и content writer на веб страници и социјални медиуми. Во меѓувреме љубопитен читател на теми од областа на културата, литературата и секако бихејвиористичка психологија и дигиталниот маркетинг, бидејќи како што вели една мудра изрека: „читањето е гориво за пишувањето“

Магистер си по економски науки од областа на бихевиористичкото однесување. Што те мотивираше да почнеш со дигитален маркетинг?

Најголем мотив ми беше можноста што ја нуди дигиталниот простор за креативно изразување, она што ми недостасуваше на претходните работни позиции. Исто така, дигиталниот маркетинг и маркетингот воопшто се тесно поврзани со бихејвиористичката економија и психологија и гранка каде што сознанијата од тие области практично се применуваат.

Можеме да претпоставиме кој е твојот омилен модул, но сепак би сакале да ни кажеш во што се пронаоѓаш најмногу?

Во однос на ова ќе одговорам дека секој модул ми е омилен додека не дојде наредниот, каде уште повеќе се отвараат можности за истражување и примена на досега наученото. Создавањето на релевантна содржина треба да се приспособи на соодветниот канал, за да потоа се измерат посакуваните резултати преку Google Analytics, или пак Facebook & Instagram Insights, за да знаеме како понатаму да ја тераме приказната, оптимизирана со вистинските клучни зборови и фрази (читај: SEO) со кои ќе допреме до посакуваниот сегмент од публиката. Copywriting-от и Story telling – от ми се омилени делчиња во целиот процес на дотерувањето на маркетинг активностите.

Веќе имаш искуство со водење на маркетинг кампањи. Кажи ни, што мислиш дека е клучно за еден добар маркетер и како треба да изгледа една добро поставена маркетинг кампања?

Сметам дека квалитетниот продукт е основа за поставување на добра маркетинг кампања. Потоа следат соодветните активности во дадените рамки на дејствување, во зависност од природата на бизнисот, таргет публиката и посакуваната конверзија. Поставувањето на тие рамки и постојаното излегување од истите – изнаоѓањето на out of the box пристапи се вистинскиот начин за успешно водење на една маркетинг кампања.

Целосната програма за Академијата за дигитален маркетинг види ја тука.