Драган Шаренковски – маркетинг значи добра аналитика

Драган е full time родител, top rated freelancer на UpWork, а на Академијата за маркетинг, мастер за аналитика. Досега одлично ги завршува сите предизвици, а Google Analytics е алатка која најмногу го интересира. Го прашавме како си поминува до сега на Академијата и кои се неговите понатамошни планови.

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.

Знаеме дека си мастер за аналитика, па сакаме да знаеме кој е Драган во слободно време?

За да се стане мастер по аналитика треба да се вложи уште многу труд, напорно да се работи и да се следат промените. Но покрај сѐ што учиме во Brainster, тоа некако најмногу ме привлекува и ме исполнува. Секако тука се и Google AdWords и SEO. Накратко за мене: работам како freelancer на најголемата платформа за работа во светот – Upwork, ретко кога имам слободно време, меѓутоа кога го имам обожавам да читам и да чепкам на интернет сѐ што е поврзано со дигитален маркетинг.

Зошто баш дигитален маркетинг?

Отсекогаш сум бил во светот на комерцијалната продажба и ме влечел маркетингот. Според тоа како стојат работите, тоа е доста доходовна работа во светот, што кај нас сѐ уште не е толку застапена и развиена. Како фриленсер често ги разгледувам огласите за работа од оваа бранша. Доста се платени во светот, па затоа решив да ја започнам оваа академија.

Твојот омилен модул е Google Analytics. Според тебе, колку е важна оваа алатка?

Јас би рекол премногу важна затоа што ни дава можност да ги дознаеме најважните информации. Врз основа на тоа ќе ја донесеме најдобрата одлука за најефикасно остварување на нашата цел. Google Analytics ни помага да ги унапредиме маркетинг и бизнис процесите на компанијата и резултатите од нив.

Какви се твоите планови по завршување на Академијата за маркетинг?

Да работам како дигитален маркетер. Сѐ што е поврзано со дигитален маркетинг ми претставува задоволство и предизвик на кој сакам максимално да се фокусирам.

 

Целосната програма за Академијата за дигитален маркетинг види ја тука.

akademija

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫