Одамна знаеме дека традиционалниот маркетинг веќе не функционира, па време е за дигитализација. Тоа го препозна Марија Димитрова од Академијата за дигитален маркетинг – една од најпосветените учесници која на највисоко ниво ги има изработено сите предизвици. Решивме да ја прашавме како си поминува на  Академијата.

Која е Марија кога не е во Brainster?

Првото лице кое ќе го видите кога ќе влезете во Newborn Clinic. Онаа која одговара на прашањата на клиентите по телефон, e-mail и Facebook. Кога сум дома, сум мама Марија. 🙂

Студираше маркетинг, но работиш нешто друго. Која е причината да се запишеш на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster?

Токму тоа другото ме натера да си ги преиспитам можностите. Кога компанијата порасна традиционалниот маркетинг не беше доволен да покажеме во што се разликуваме од останатите, па решивме да се дигитализираме. Тогаш се јави потребата за нешто поинакво од факултетското образование во кое тешко се имплементираат брзите промени, па така го открив Brainster. Посетив краток курс за Social Media со Дарко Булдиоски и веќе знаев дека сум на вистинското место. За да добијам комплетна слика, го направив следниот чекор и се запишав на Академијата за дигитален маркетинг.

Одлично ги изработуваш сите предизвици до сега, па се прашуваме кој е твојот омилен модул на Академијата?

Додека не откријам нов модул последниот ми е омилен, веројатно зошто секој е различен и зависен од претходниот. Ги совладав Paid Facebook и Instagram само затоа што претходно доволно добро ги запознавме овие платформи. Направив Search и Display кампања, но за да откријам од каде доаѓаат конверзиите морав да го проучам Google Analytics. Ако треба да одвојам во што навистина уживам додека ги изработувам предизвиците, тоа е copywriting-от.

Што најпрво ќе примениш во работата како маркетер?

Најпрво, ќе креирам содржина која е релевантна за специфичната публика од областа во која оваа компанијата делува. Потоа, ќе ги искористам сите оние клучни алатки, кои несебично беа споделени со нас од страна на професорите на Академијата, за да ја направам потребната анализа, автоматизација и отимизација во чест на SEO.

Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.