Запознај ја Даниела од Академијата за програмирање. Неделава е избрана за учесник на неделата поради нејзиното решение за моделирање на база на податоци за апликација за филмови. Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види ја целосната програма тука.
Во Brainster, Даниела е програмер на неделата. Сакаме подобро да те запознаеме, па која е Даниела кога не е на Академијата за програмирање?
Даниела е студент на ФЕИТ. На сите ни е познато дека живееме во свет каде што секојдневно сме опкружени со најразлична технологија , затоа секој слободен момент сакам да го искористам за да прочитам некоја добра книга или да излезам да се дружам со пријателите.
Од што се состоеше предизвикот за кој ти имаше најдобро решение?
Предизвикот беше моделирање на база на податоци за апликација за филмови. Наоѓањето на идеално решение е навистина предизвик кај базите на податоци, но мислам дека најдовме одлично решение за период кој што го имавме. Од голема помош ми беа и дечките од Aкадемијата кои даваат одлични совети како да се пристапи на одреден проблем.
Какви тактики користиш за успешно да го совладаш материјалот кој е предвиден за програмата?
Ова е мотото по кое се водам, секогаш целам кон тоа да најдам решение на проблемот, па потоа да го напишам кодот. Мислам дека иако сме почетници треба да го дадеме најдоброто од нас, не е доволно кодот да работи, треба да го бараме најдоброто решение. Мојата тактика е да не запрам кога кодот работи, туку кога кодот е добар.
Што мислиш дека е клучно за успешна кариера како програмер? Што е она што секој кој сака да се бави со програмирање во иднина треба да го поседува?
Многумина мислат дека програмирањето е дарба и дека не може секој да биде програмер. Јас мислам дека за невозможните работи треба само малку повеќе време. На идните програмери би им препорачала: Поставувајте прашања! Не постои глупаво прашање, ако нешто не ви е доволно јасно прашајте. Секогаш барајте го најдоброто решение, не запирајте кога кодот ке работи, подобрете го.
Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види ја програмата тука.