Симона Младеновиќ од Академијата за дигитален маркетинг

Симона Младеновиќ – амбициозна личност, со нескротлива желба за постојано учење, која полека но сигурно навлегува во светот на дигиталниот маркетинг.

Уписите за Академијата за маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.

Симона ја запознавме на Академијата за маркетинг. За тие кои не ја знаат: која е Симона и како стигна до Brainster?

Симона е многу љубопитен човек што секогаш е подготвена да научи нешто ново, па така со мојата желба да влезам во дигиталниот свет и да научам нешто повеќе налетав на Brainster и Академијата за маркетинг и инспирирајќи се од успешните приказни што произлегуваат од тука, посакав и јас да бидам дел од нив.

Ти си една од најактивните учесници на Академијата која досега успешно ги има изработено сите предизвици, но најдобро се снаоѓаш во пишување. Што најчесто читаш и каде наоѓаш инспирација за креирање на твоите содржини?

Најчесто сакам да читам психолошки книги, но во моментов читам за дигиталниот маркетинг на интернет и сѐ што е поврзано со дигитализација.

После 4 месеци поминати на Академијата, која алатка би ја препорачала за олеснување на секојдневната работа?

Секогаш сум сакала да бидам добро организирана и кога имам повеќе работи да завршам во еден ден сакам да ми се запишани некаде за да знам до каде сум. Тоа порано беше напишано на еден лист од хартија, но денес благодарејќи на сите корисни алатки што ги научив на Академијата , можам да кажам и да ја препорачам алатката за организација на работни задачи или било какви активности Trello, која е прелесна за користење и секогаш може да знаеме што сме завршиле, а што не.

4. Според тебе, на што треба да биде подготвен секој иден дигитален маркетер?

Секој што сака да биде дигитален маркетер, дефинитивно треба да одвои време и да биде посветен на работите што сака да ги научи , да ги следи новостите што се случуваат со огромна брзина во дигиталниот свет, да биде упорен и да не се откажува или најубаво нека се приклучи на Академијата за маркетинг на Brainster каде што ќе биде насочен во вистинскиот правец на учење.

 

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек.

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫