Фросина Полазаревска вешто се справува со студиите по архитектура, предавањата на Академијата за маркетинг, а од неодамна и со пракса во Колев комуникации.
Покрај сите овие обврски, успева да ги одработи предизвиците и да понуди одлични решенија, пa решивме да ја прашаме како досега се снаоѓа на Академијата за маркетинг!
Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.
1. Фросина е студентка по Архитектура која од неодамна е дел од светот на дигитален маркетинг. Како ги поврза овие две работи?
Лесно. Динамиката и бесконечните можности за развивање на една идеја до нејзината реализација е она што ги поврзува овие две области. Креирањето од “ништо-нешто” и создавањето на вредности е токму тоа што можеме да го најдеме кај дигиталниот маркеринг и кај архитектурата.
2. Знаеме дека моментално фокусот ти е ставен на графички решенија. На какви проекти сакаш да работиш во иднина, по завршувањето на Академијата за маркетинг?
Графичкото решение за една маркетинг кампања според мене е многу повеќе од само естетски средено решение. Она што ме интересира е пораката позади секоја креатива. Разбирањето на луѓето и нивните навики и потреби. Живееме во време во кое покрај нас поминуваат многу графички решенија кои се визуелно атрактивни, со што не е лесно да се задржи вниманието на современиот купувач. Токму поради тоа е клучно да имаме препознатлив идентитет и приказна позади она што го претставуваме.
Така што, во иднина би сакала да работам на развивањето на стратегии и пораки кои стојат позади графичкото решение.
3. Моментално си на пракса во Колев комуникации. Опиши ни еден твој работен ден.
Голем предизвик. Креирањето на вредна и релевантна содржина е важен дел од стратешкиот маркетинг и е токму тоа на кое моментално работам. Тимот на Колев комуникации се состои од искусни маркетери и ми претставува вистинско задоволство што имам прилика да учам од нив.
4. За крај! Како го разбираш дигиталниот маркетинг? Што би им порачала на сите кои сакаат во иднина да работат на тоа поле?
Дигиталниот маркетинг како дел од нашето секојдневие е процес кој не завршува. Позитивната страна на дигитален маркетинг е што е мерлив. Преку многубројните алатки за аналитика, можеме точно да видиме каде сме успешни и каде треба да интервенираме за уште подобри резултати.
Она што би порачала на идните маркетери е да истражуваат и читаат секојдневно, бидејќи дигиталниот маркетинг е во вртоглав развој, љубопитноста и континуираната информираност се клучни за еден успешен млад маркетер. Тоа е она што не држи во чекор со актуелностите и ни дава простор да се развиваме во ова поле.
Уписите за Академијата за маркетинг се во тек, види ја целата програма тука.