Програмите на Академиите во Brainster се ефикасни токму поради работата на реални проекти. Вештините кои студентите ги стекнуваат им овозможат да се вработат во некои од најдобрите IT компании, дигитални маркетинг агенции, или да развијат сопствен бизнис.

Преку изучување на најрелевантните технологии, па до изработка на вистински апликации и side проекти – нашите студенти можат да се пофалат со голем број на продукти. Да се потсетиме на што точно работеа.

MoeCV – Креирај CV што вработува. Со оваа алатка може да го претвориш твоето CV во професионално онлајн портфолио кое ќе биде готово за неколку минути. Проектот е изработен на хакатон, од учесниците на Академијата за Web Development. Наменет е за заедницата и има за цел да го промени начинот на подготовка на апликација за работа.

Brainster калкулатор –  Колку пари треба да вложиш за да креираш дигитален продукт? Со Brainster калкулаторот можеш полесно да го испланираш твојот следен бизнис подвиг. За да можеме дa ти дадеме проценка, го создадовме овој калкулатор кој е бесплатен и ќе ти даде проценка на трошоците за градење своја сопствена апликација. Воедно е многу едноставен за користење.

Brainster лекции – Што сакаш да научиш следно? Со бесплатните Brainster лекции, имаш можност да ја истражиш твојата омилена категорија преку 5 минутни, автоматизирани лекции кои ќе стигнат на твојот e-mail. Преку платформата секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Бесплатни алатки – Колекција од најактуелните и најкорисните алатки кои ќе ти помогнат за поефикасно извршување на работните обврски. Тука ќе најдеш бесплатни алатки за категоријата што те интересира кои можеш да ги имплементираш во твојата работа. Од програмирање, маркетинг, дизајн, UX/UI, па се до продуктивност и бизнис.

Grader – Grader e бесплатна и забавна алатка која може да ја искористиш за да провериш кои маркетинг вештини ти се јака страна, а кои треба да ги подобриш. “Мерачот на знаење” е поделен во 4 категории и тоа: Digital маркетинг, Social Media маркетинг, E-mail маркетинг и Search Engine Optimization.

 

Komunicira.me – Aпликација која ќе ја сруши комуникациската бариера помеѓу лицата со оштетен слух и остатокот од светот. Оваа бесплатна апликација им овозможува на сите поединци да комуницираат со лицата со оштетен слух и да го научат македонскиот знаковен јазик.

Мастер или дизастер – Провери го твоето знаење за дигитален маркетинг преку овој интерактивен квиз кој го изработија учесниците на Академијата за дигитален маркетинг. Квизот содржи 20 прашања и секое носи по еден поен. На крајот ќе дознаеш дали си добар дигитален маркетер или треба да започнеш со учење!

70+ Бизнис алатки за компании–  Без разлика дали менаџираш проект, координираш тим или ти требаат свежи идеи, истражи ги овие 70+ бизнис алатки за поефикасна работа! Оваа платформа е поделена во 4 категории и ќе добиеш проверени и препорачани алатки за човечки ресурси, тим, продуктивност и комуникација.